Веќе 30 години живееме во независна Македонија кадешто секој има сопствена дефиниција за патриотизмот. Оваа тема особено е актуелна пред избори, или пак кога во прашање се одлуките кои се важни за нас и нашите деца. Затоа и јас размислив на прашањето „што е патриотизмот“?

Вистинскиот патриозам е емоционалната поврзаност со татковината и нацијата. Со текот на годините тој варирал во зависност од начинот на живеење. Секоја генерација си има(ла) сопствени битки и различен начин за нивна солуција. Од нашите предци се барало да одат во војна и храбро да се борат за црвено-црните идеали. Од нас не се бара да одиме во војна, но ако мора спремни сме и на тоа. Сепак, сега живееме во друго време. Според мене најдобрата дефиниција за патриоризмот ја дал американскиот претседател Кенеди велејќи: „Не се прашувајте што може да направи вашата држава за вас. Запрашајте се што може вие да направате за неа“. Значи, патиотизмот е да се помогне на државата на секој можен начин за да просперира.

Вистинскиот патриотизам е економскиот просперитет на нашата држава.Патриотизмот се искажува со купување на македонски производи, а со тоа ќе има зголемен број на работни места и повисока просечна плата на граѓаните. Вистинскиот патиротизам е знаењто на нашиот мајчин јазик. Читање на македонските автори кои оставиле бесценето творештво за нас како најголем аманет. Вистинскиот патриотизам е познавањето на сопствената Граматика, Речник и Правопис. Вистинскиот патриотизам е претставување на земјата во најдобро светло и надвор од нашите граници. Пример за тоа се нашите спортисти, но и нашите глумци, пејачи и композитори. Најдобар доказ за патриотизам во последно време ни покажаа луѓето вклучени во проектот „Медена земја“ преку кој целиот свет дозна за Македонија. Се разбира, патриотизам е и познавањето на сопствената историја и величиње на сите оние кои несебично го дале животот за ова парче земја. Но, уште поголем акт на патиотизам е прилагодување на живтот во сегашноста и обезбедување на светла и стабилна иднина на нашите деца.

На инстаграм профилот Боемот (@boemot) објавив story дека Македонија ја гледам како членка на ЕУ. Чудно, но истите тие луѓе кои се декларираат како патриоти ми изнакажаа секакви пцовки. Тоа се истите луѓе кои пејат „Мртов шиптар – добар шиптар“, но отпадокот од нивниот оброк го фрлаат на земја. Тоа се луѓето кои се сметаат за патриоти бидејќи пишуваат „Никогаш Северна – само Македонија“, „незнам“ го пишуваат споено, а последната прочитана книга им е „Касни порасни“. ЕУ ни нуди економски развој и просперитет. Откако се самоуништивме молчејќи кога требаше да се излегува на улица, сега сме гласни на социјалните мрежи. Задоцнивме. Сега, кога веќе сме на ова дереџе, единствено решение ни е ЕУ. Друга алтернатива нема. Луѓе, ние не треба да се бориме против ЕУ, ние треба да се бориме за реформирана ЕУ. Доста сме граѓани од втор ред во Европа!

Имаме преголемо природно богатство. Реки и планини кои ни најдобриот сликар не може да ги наслика. Имаме се! Не си ја цениме доволно, а имаме многу погрешна перцепција за патиротизмот. Вечна да си татковино!

Сподели: