Што при случај на војна?
09/01/2020 In Безбедност и одбрана, Европа и светот Leave a comment
09/01/2020 In Безбедност и одбрана, Европа и светот Leave a comment
Една од грешките што се прави во јавноста е тоа што се мисли дека САД треба воопшто да прати и еден човек на иранска територија за да ја победи во некоја евентуалната војна. Всушност, се што им треба е да го осакатат Иран да не може да проектира моќ надвор од границите и да ја направат Саудијска Арабија како доминантна сила во регионот.
Иран има голема и силна копнена војска, но сите останати родови во нивната армија се далеку послаби. Од авиони, најјаките им престари верзии на МИГ 29. Ранливи се и те како на напади од воздух што Израел им го покажа кога низ Иран си летаа израелски Ф 35 ловци без воопшто Иран да примети дека биле таму. Во напад со дрон, најмоќниот генерал им го убија, а морнарицата на Иран е опасност само во персискиот залив и може да биде лесно уништена. Доколку САД почне евентуална војна со нив, нема потреба од инвазија. Тие ќе ги бомбардиират се додека не им бидат уништени сите воени, нафтени и нуклеарни инсталации.
Уште поголем проблем за Иран е што секоја уништена инфраструктура или опрема можат тешко да ја заменат. Се што имаат Иранците е градено и складирано со децении под тешки санкции и недостаток на средства, а истото може да биде уништено во неколку минути. Главниот адут на Иран е големата моќ на деструкција што ја поседува. Иран во моментов може да ја уништи светската економија преку затворање на Хормуз и можат да направат тешка материјална штета врз америчките сојузници во регионот како Саудиска Арабија, УАЕ, Израел и др.
Изработил: Стјепан Покупец, уредник и потпретседател на Идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК.
ДОПОЛНА НА АНАЛИЗА: Давид Салтамарски – Фамата за Иранските ракети. Кликни тука за да го прочиташ линкот од инфографикот.