Кој е Роџер Стоун?
29/11/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
29/11/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
Десничар и еден од најконтраверзните ликови во Вашингтон. Од Никсон до Роналд Реган, од Буш и Клинтон, па се до близок пријател и човекот од „сенка“ на Доналд Трамп.
„Кога на гласачите им додевате не кажувајќи ништо ново, без преземање на ризици со храбри идеи или предлози кои би го разнишале „статусот кво“, тенденција на истите гласачи е да бараат идеи и кандидати кои тие ги сметаат за интересни на друго место“ .
When you bore the voters by saying nothing new and by taking no public risks with bold ideas or proposals that shake up the status quo, the bored voters tend to look elsewhere for ideas and candidates they do find interesting.
Roger Stone
Роџер Стоун е една од најконтроверзните личности во американската политика. Конзервативец, политички консултант и лобист, своето пробивање до политичкиот врв во државата го има започнато на свои 19 години, како дел од кампањата на Ричард Никсон.
Оттогаш има учествувано во кампањите и креирањето на политиките на Роналд Реган, а подоцна и на Џорџ Х. В. Буш. Во 1992 година, Стоун сведочи на тоа како третата партија во државата (Реформската партија) успева да одземе огромен број на гласови од Републиканците, со што за претседател беше избран Бил Клинтон. Осум години подоцна, тој смислува операцијапреку која успева целосно да ја елиминира Реформската партија.
Истата година се случува и најголемиот политички успех за Стоун. По тесните резултати на изборите во 2000-та, по негова иницијатива се организираат нереди и блокади во изборните комисии низ Флорида, со цел да се побара пребројување на гласовите. Иако Ал Гор првично бил победник на Флорида, по пребројувањето Џорџ Буш ги добива 25-те електорски гласови, а со нив и претседателските избори.
Роџер Стоун исто така е првиот кој уште во 90-те се обидува да го натера Трамп да се кандидира за Претседателската функција, а пред изборите во 2016-та учествува во неговата кампања.
Во февруари 2020-та година, Стоун е осуден на 40 месеци федерален затвор поради поврзаност со наводното руско вмешување во американските избори и врски со Викиликс. Трамп уште на судењето изјави дека размислува да го помилува Стоун доколку биде осуден, а неколку дена пред тој да замине во затвор, по интервенција на претседателот Трамп пресудата е целосно повлечена.
„Кога ќе ви текне на корупција и мочуриште во Вашингтон, одма помислувате на Роџер Стоун“