Анализа на мандатот на Трамп, дел 1: Почетна политика
08/12/2020 In Европа и светот Leave a comment
08/12/2020 In Европа и светот Leave a comment
Иако администрацијата на Трамп секојдневно води легални борби поврзани со претседателските избори, веќе се непостоечки шансите за промена на резултатот и најверојатно Џо Бајден ќе стане 46–тиот претседател на САД во јануари.
– пишува за Конзерватив МК, главниот и одговорен уредник на хрватските E-SPORT ADRIA (https://adria.gg/) & A1 Adria League (https://a1adrialeague.com/), младиот Срѓан Димитровски.
Вечерта на 3-ти ноември 2016–та година, неочекувана вест го потресе светот. По тесна битка и загуба во вкупниот број на гласови, Доналд Трамп го освои мнозинството во Изборниот колегиум и беше прогласен за 45-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.
Доналд Трамп е еден од единствените претседатели во последните 100 години кои не се избрани за втор мандат заедно со Џими Картер, Херберт Хувер и Џорџ В. Буш. Како човек со невообичаен карактер и вечен непријател на медиумите, Трамп успеа да ги изненади сите и да ја совлада Хилари Клинтон со помош на електорскиотколегиум.
Сепак, Трамп во своите четири години во Белата Куќа постигна солиден број на успеси кои медиумите ретко ги спомнуваат, а уште поретко некој ги очекуваше. Прво, една од работите што Трамп најчесто ги спомнува е неговата силна економија. Бруто домашниот производ ги сруши сите рекорди со ~21.75 трилиони (квартал 4 – 2019). Иако Трамп највуваше раст на БДП од над 3%, а најмногу успеа да достигне 2.9% во 2018 сепак надмина многу очекувања, а статистиките зборуваат сами за себе.
U.S.Bureau of Labor Statistics официјално изјавува дека процентот на невработени лица со возраст од над 20 години и Афро–Американско потекло во третиот квартал на 2019 достигнува рекордно ниско ниво од 5.4%. Трамп ги промени титулите на местото на раѓање и гробиштата на Мартин Лутер Кинг од Национална историска локација до Национален историски парк – титула која има многу повеќе привилегии, а Трамп ја носи оваа одлука како начин на искажување на почит спрема МЛК , а и спрема целата Афро-Американска заедница.
Доналд Трамп е борец за ниски даноци, а тоа го покажа и со воведување на Tax Cuts and Jobs Act of 2017, законот кој донесе намалување на даноците на индивидуалците, бизнисите и корпорациите во САД. Што се однесува до здравството, тој и неговата администрација се стремеа кон поништување на Obamacare – закони и измени во системот донесени за време на владеањето на Барак Обама.
First Step Act – законот кој Трамп го потпиша во декември 2018 година е еден од најзначајните закони за реформи во затворите во последната деценија. Иако законот се однесува на федералните затвори кои имаат само околу 181.000 затвореници од вкупните ~2.100.000, FSA значајно влијае на животите на голем број ненасилни осуденици, многу од нив од Афро–Американската заедница. Беа променети бројни минимални затворски казни, а луѓето со три или повеќе пресуди, ќе добијат казна од 25 години наместо доживотна казна. Зголемен е бројот на кредити кои затворениците можат да ги заработат во период од една година (од 47 на 54), што во суштина значи дека за секоја година помината во затвор, затворениците можат да си ја намалат казната од 47 на 54 дена на годишно ниво.
Законот се фокусира и на намалување на рецидивизамот со дозволување на затворениците да заработат дополнителни кредити за учествување во рекреативни и едукативни програми во затворите. Иако законот доби огромна поддршка од претседателот и двете страни во Сенатот, одредени Републиканци предводени од сенаторот Том Котон од Арканзас гласаа против усвојувањето на First Step Act. Главниот проблем на опозицијата е дека рецидивизамот кај криминалците е многу тежок за намалување ако тие имаат кратки казни, т.е. лесно е повторно да извршат криминално дело ако знаат дека и да бидат фатени, ќе трпат многу поблаги казни и последици.
Законот е дел од долгогодишната борба на Демократите и Републиканците за намалувањето на бројот на затвореници на затворите во САД кој изнесува над 2 милиони. И со 12 гласови против, законот беше усвојен со уверливо мнозинство од 87–12 и огромна поддршка од Трамп и (ќе) ослободи солиден број ненасилни затвореници од федералните затвори во САД. 3.100 осудени луѓе, од кои голем дел Афро–Американци, добија големи скратувања на казните или беа ослободени, а овој закон и во иднина ќе помага на понискиот степен на криминалци кои се освестуваат за нивната грешка.