„На следните избори во Бугарија, народот ќе има можност да одбере вистински браќа со искрени намери кон Македонија на власт, со што и ќе има братство и пријателство, или пак тотален мрак на нашите односи“ – вели Новковски во неговата колумна.

Бугарија никогаш немала искрени намери кон Македонија

Бугарската власт секогаш гледала асимилаторски кон Македонија и македонскиот народ. Пред отпочнување на Илинденското востание, македонските револуционери имале силни ветувања дека бугарската војска ќе помогне востанието да биде успешно, на тој начин што бугарските војски ќе се вклучат во ослободувањето на Македонија. Востанието почнало, а абер и помош од Бугарија никаде немало.

При балканските војни, бугарскиот врв ветил дека силно ќе се бори за слободата на Македонија, ако македонското население се вклучи во бугарската армија. Дека Бугарија силно ќе се бори за слободата на Македонија. Иако македонскиот народ масовно учествуваше со свои единици и голем број на борци, повторно бевме изневерени. Наместо борба за слобода, тие седнаа на маса да ја делат територијата на Македонија.

Со почетокот на Втората светска војна, иако народот очекуваше бугарските војски да го ослободат од српската окупација, тие напротив, српската ја заменија со нивна бугарска окупација. Повторно ги изневерија македонските сонародници, продолжувајки со теророт врз македонското население.

Сега, во 2020 година, повторно сакаат современо да не асимилираат преку притисок со ставањето вето на нашата ЕУ интеграција.

Извинете ова не е братство, а не е ни пријателство. Ова е чист живковизам, фашизам. Македонскиот народ повеќе не верува на убави зборови на бугарските власти, па така, или народот во Бугарија ќе се избори да избере вистински браќа со искрени намери кон Македонија кои ќе дојдат на власт во Бугарија, и ќе има братство и пријателство. или ќе дочекаме тотален мрак на нашите односи. Изборот е ваш…

Пишува: Михаил Новковски

Сподели: