Политички разговор: Радослав Фогел [Европски млади конзервативци] и Стефан Василевски [Конзерватив МК]
03/12/2018 In Европа и светот Leave a comment
03/12/2018 In Европа и светот Leave a comment
Политички разговор помеѓу Стефан Василевски, идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК и претседателот на европските млади конзервативци, Радослав Фогел. Политичкиот разговор се оствари за време на самитот на Алијансата на конзервативци и реформисти во Октомври во Молдавија.
Стефан Василевски: Денес сме со Радослав Фогел од Полска, претседател на Европските млади конзервативци кои се младинска организација на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа. Македонија нема своја членка, но наскоро се формира група на македонски млади конзервативци од неколку подмладоци на веќе постоечки политички партии како и здруженија на граѓани, патриотски фронтови и тела и невладини организации.
Пред Македонија да добие свои член, ќе може ли да ни ги претставите Европските млади конзервативци? Кои сте вие како група?
Радослав Фогел: Со задоволство би кажал нешто на кратко за македонската политичка јавност. Европските млади конзервативци се тело не само на коалицијата на Алијансата на конзервативци и реформисти туку и официјално младо тело на Европските конзервативци и реформисти во Европскиот парламент кои се 3та најголема група по бројот на пратеници.
Оваа година славиме 25 години од нашето постоење. Платформата е креирана во 1993та година а одтогаш сме во голем пораст. Работиме исто така и со комитетот на региони, со Европскиот парламент како и со Советот на Европа. Соработуваме и со студентски и млади организации кои ги исполнуваат нашите услови.
Стефан Василевски: Слично како вас, и нашата мрежа на конзервативци од Македонија работи. Ние сме платформа која е сочинета од повеќе тела како идеолошки центар, аналитички центар, партнерски медиуми, граѓански асоцијации, патриотски фронт како и официјални политички групации, тела и партии. Пред да започнеме со разговорот ќе може ли да ни кажете колкава е вашата мрежа?
Радослав Фогел: Европските млади конзервативци бројат околу 30 организации кои членуваат. Иако сме наречени европски конзервативци, исто како и Алијансата на конзервативци и реформисти, ние сме светска мрежа, па затоа имаме и членки од Австралија, Канада, младите републиканци од САД, итн.
Стефан Василевски: Кога сте веќе кај вашите регионални партнери, каков е начинот на соработка со тие надвор од Европа?
Радослав Фогел: Еден од нашите најголеми регионални партнери е младинската организација на републиканската партија на САД. Соработката е голема, тие секогаш испраќаат претставници на нашите настани, но иста така и ние сме активно вклучени во нивните настани. Таков пример беа изборите за претседател на САД каде што имавме можност директно како претставници да сме вклучени во кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп преку младите републиканци и нивните мрежи.
Стефан Василевски: Јас исто така имав можност да бидам дел од изборите во САД во 2016та година и ги следев на лице место во Њу Јорк, па би ве прашал: Дали го поддржувате Доналд Трамп како личност?
Радослав Фогел: Јас сум голем поддржувач на републиканската партија на САД. Околу Доналд Трамп, морам да кажам дека постојат некои дискутабилни политики, но сепак после 2 мандата на Барак Обама, навистина ова е еден вид на свежина во американската политика. Секако, навивам и за што поголема репрезентативност на републиканците во владините тела на САД.
Исто така, постои платформа наречена Конзервативс Интернешнел која се состои од 867.800 членови, 327 идеолошки и аналитички центри (Think Tanks), фондации и универзитети, 73 политички партии, 36 приватни компании и 35 иницијативи. Работиме заедно со нив на програми, иницијативи и настани во Северна и Јужна Америка, Африка, итн.
Стефан Василевски: Конзерватизмот е идеологија која може да биде од центар-десно ориентирана до цврста десница. Пример, на скалата на конзерватизмот, може да се најде британскиот класичен и либерален конзерватизам кој е повеќе ориентиран кон либерална економија и капитализам, така наречениот зелен конзерватизам односно енвиронментализмот, прогресивен конзерватизам, модерен конзерватизам, па се до традиционалниот и социјалниот конзерватизам кој е карактеристика за источно европските земји.
Вие сте од Полска, па би ве прашал, каде се наоѓате вие персонално на скалата на конзерватизмот.
Радослав Фогел: Јас лично сум социјален/традиционален конзервативец. Веројатно тоа е така поради тоа што живеам во земја како Полска каде што иако се изборивме против комунизмот, сепак потешко се адаптиравме накај слободниот пазар и либералната економија поради последиците од нашето минато.
Сепак, јас верувам и во либерализмот како дел од конзервативната идеологија, а како пример ќе ви го наведам абортусот за кој мислам дека повеќе е приватна работа наместо политичка и секоја индивидуа има право сама да одлучува.
Стефан Василевски: Да, се согласувам за овој дел од либералниот поглед на конзерватизмот, но ајде да дискутираме и за строгата десница кога се работи за традиционалните вредности на една држава. Јас, верувам и во европскиот национализам (не во балканскиот национализам кој промовира шовинизам или омраза), стабилни граници и силна држава. Строго стојам на скалата за илегална миграција, па ме интересира вашиот став за нелегалната миграција.
Радослав Фогел: Јас лично сум многу про-миграција, но само кога е легална.
Стефан Василевски: Точно така, отворена држава може да е суверена држава, но конкретно за нелегалната имиграција. Доаѓате од држава чиј премиер и владеачка партија (членови на Алијансата на конзервативци и реформисти) имаат премногу тврд став за оваа тема.
Радослав Фогел: Јас, но и мојата земја имаме многу цврст став за нелегалната миграција. Еве ќе ви дадам еден пример. Полска, прими голем број на мигранти од војната во Украина, но сите тие дојдоа легално и што е најбитно од се, се адаптираа на нашето општество, култура и традиција и најголемиот дел од нив работат и активно помагаат на нашата држава.
Стефан Василевски: Вашиот премиер е во добар однос но и зачестен со премиерите Виктор Орбан од Унгарија и Матео Салвини од Италија. Европа се соочува со голем удар од десните политичари кои знаат да ги наречат популисти, а тоа всушност и не е така. Каков е вашиот коментар за политиките на овие политичари?
Радослав Фогел: Дефинитивно, колку повеќе десницата во Европа зајакнува, толку подобро е и за ЕУ. Ваков вид на политичари и политики, ни овозможија да ја зајакнеме Вишеградската група (Полска, Чешка, Унгарија, Словачка). Строгата десница но и конзерватизмот кој може да е десно но и центар-десно на политичката скала се добри, а тоа може да се види и во Австрија каде што канцеларот Курц доби голема поддршка. Истото важи и за Матео Салвини од Италија. Сумирано, конзерватизмот е добар кога се практикува, безразлика дали е строго десно или центар-десно.
Европски парламентарни избори 2019та
Стефан Василевски: Моментално, нашата држава не е дел од ЕУ и нема да сме дел од следните избори во Европскиот парламент. Јас само би кажал дека се надевам дека групациите кои се наоѓаат во десниот и центар-десниот сектор, ќе најдат сили за предизборно обединување, но уште подобро би било кога тоа обединување и коалиција би биле пост-изборни. Зошто велам така? Бидејќи на тој начин ќе можат повеќе пратеници да извадат за време на изборите, а Европскиот парламент дозволува групирање пост-изборно во една група (една коалициона партија) за која што треба да има членки од најмалку 7 ЕУ држави.
Радослав Фогел: Мораме да се држиме заедно, бар ние во десницата, бидејќи левичарите, особено прогресивните либерални левичари секогаш се држат заедно кога треба да се работи против традициите на државите, против конзервативните вредности, итн. Би додал нешто на твоето кога кажа дека вие не сте дел од ЕУ. Да, не сте дел од ЕУ, но сте дел од Европа, а Европа е огромен проект и сите се исто битни, бар за нас. Треба заедно да работиме за да ги зачувуваме традициите и вредностите на Европа пред се, затоа ние работиме и сме во блиски односи и партнерство и со Израел и Грузија на пример.
Стефан Василевски: Да, но сепак за вас е полесно бидејќи сте дел и од ЕУ. Вие како млади конзервативци работите и со официјалните тела како и групацијата на Европски конзервативци. Дали сте задоволни од соработката? Дали мислите дека можете повеќе да придонесете?
Радослав Фогел: Секако. Ние сме активни во многу тела. Нашето партнерство е одлично особено со АКРЕ и сите коалициони тела на АКРЕ. Имаме одлична соработка и сме третирани еднакво. Имаме наши членови во голем број од телата на тие организации и постојано соработуваме на конференции, иницијативи и настани. Нашите идеи секогаш се приложуваат низ овие групации.
Конзерватив МК [Conservative.mk] работи во постојано партнерство со Алијансата на конзервативци и реформисти на Европа (ACRE), има дозвола за користење, превод и споделување на информациите од списанието The Conservative Online. Прочитајте ги правилата и прописите за користење на информации од The Conservative Online како и New Direction – a foundation for European reform. Европските млади конзервативци се официјалната младинска организација на Алијансата на конзервативци и реформисти како и ЕКР Групата – Европските конзервативци и реформисти во европскиот парламент.