Драги наши читателки и вие што погледот ви е токму на нашиов текст и вие припадници на јудео – масонското конспиративно движење и вие марксисти – ленинисти и слични на вас испрани мозоци и вие једи и припадници на ацтеките а посебно вие драги мои, коишто се чуствувате старо и антички.

Лани ова време, се потсетува другар ми Димчо, така насмеан гордо убеден во себе, се фали како пиел вино со плавата Берга, негова пријателка од Стокхолм! А знам дека ме лаже, бидејќи лани ова време сркаше ајвер. Да да, баш ајвер поради тоа што словенците ни го дрпнаа ајварот па така сега ние со аверзија јадеме ајвер и сирење и дишеме воздух. Па што да се прави, во тоа време од годината сме кога бубрегот удобно плива во конфортна зона на доволно алкохол и масти а сите фронтално ги напаѓаат софрите и славите! И воопшто не ни чуе! Ги напаѓаат од сите страни, а најпрво ја центрираат руската, кифлите, чварките и сармата. Ја не знам стварно како вегетаријанците се чуствуваат и што прават во овој период од годината…

Него да не ја идеме ние на долго и широко, бидејќи периодов има еден куп работи а и уставот денес извесла во неповратен правец. Ја стварно не можам да разберам што правите. Не не, не знам дали јас не можам да разберам поради моите ментално когнитивни способности или што е работава ама надвор корне. И ај што корне него и цело Скопје е бело! Бел чад а во Скопје колку што јас знам папа не се бира. И секој ден телевизија бруи, дека годишно 2 илјади луѓе умираат од респираторни проблеми. Баш од респираторни проблеми предизвикани од аеро загадувањето. И странски репортажи секогаш се слушаат кога сме презагадени или поради кич! А на министерството и не му чуе. Па да не сме Швајцарија, што би рекол министерот! И така нецелосно стаписан од таа изјава имајќи ја предвид и биографијата на министерот и од секој денар издвоен за данок, си викам добро бре што е ова!? Нели се протестираше, пееја химни, лажеа народ? Павле од шарена драпаше мевот и други работи за барем воздухот да се смени. Нели се трчаше со маски по Скопје лани? Се изиграваа глупости, се трескаа од земја!

И така вчудоневиден од целава ситуација, заглавен во кашал, се присеќавам на час по филозофија каде што учевме сиологизам. Да, сиологизам што Аристотел немал што да прави па мислел глупости и си велам ако градот е загадено ѓубре а луѓето го прават градот, тогаш и луѓето во градот мора да се… вонземјани! За ова стварно треба талент. Додуша треба и напорна повеќегодишна работа но и тешка дарба да си кретен, да ти умираат луѓе и да страдаат мали бебиња на Козле а ти ни еден протест да не направиш. И тоа протест со ултиматум, дека доколку нема резултати и ако не се дадат пари за борба против аеро загадувањето, ќе си лежите. Ама нема да си лежите во Хилтон во Будимпешта, тоа не сигурно!

Давид Салтамарски – Уредник на идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК [Conservative.mk]

Сподели: