Во изминатиот период власта најави отпишување на стари долгови за струја кои се направени од лица кои не ги платиле истите до 2006 година.

Не сме знаеле дека имаме толку моќна економија што можеме да им ги плаќаме долговите на тие граѓани коишто не сакале истото да го сторат. Реалната ситуација е дека сите ние со подмирен долг, можеби и токму поради тоа, преживуваме и се молиме на Господ да можеме да се прехраниме до крај на месец.

Не само што сме си ги плаќале нашите долгови туку сега планирате и од нашите даноци наменети за инфраструктура, здраство, изнаоѓање решенија за загадувањето, образование и поевтини лекови, да им ги плаќаме долговите и на нелојалните граѓани кои пробуваат по секоја цена да го одбегнат тоа. Зарем ние граѓаните кои редовно си ги подмируваме долговите сме луѓе од втора класа? Ние не сме должни да подмируваме долгови на тие што го прекршуваат јавниот поредок во нашата држава!

Политички коментар: Анѓела Караѓуле Тикваров, дипломиран економист
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК
Следете не наFacebookInstagram & YouTube

Сподели: