Во политикологијата е наложена една метафора за тоа како жабите, ставени во сад со вода кој се загрева бавно, нема да скокнат (избегаат) од него, бидејќи не ја чувствуваат бавната промена во температурата. Кога температурата е веќе особено висока, за нив едноставно станува невозможно да се спасат и така умираат. Политиколозите ја сакаат оваа метафора и покрај научните сомнежи за самиот експеримент, бидејќи е особено погодна за објаснување на низа јавни процеси и промени. Еден од нив е процесот со масовната миграција кон континентот Европа, во изминатиот половина век.

Миграцијата се претвори во клучно прашање за речиси сите политички сили во Европа во последниве години. Ова прашање стана причина за падот на многу влади и создаде услови за појавувањето на нови владеачки гарнитури речиси од ништото. Овој проблем стави крај на кариерите на долгогодишни и успешни политичари, но исто така беше почеток на кариерите на други политичари. Зошто токму сега? Што се промени во последниве години? Одговорот од прв поглед е комплициран, но и доволно јасен кога ќе се погледне статистиката на миграцијата кон Европа за последниот половина век. Можеби сепак политиколозите грешат, а европјаните не се како жабите ставени во тенџере во кое што температурата постепено се зголемува?

Миграцијата не е универзален и стандардизиран пакет од политички случаи и проблеми. Таа е разновидна и носи со себе различни видови на проблеми и последици. Да се зборува за миграцијата како прашање што се темели само на човекови права, меѓународни закони или принципи е непрагматично и во принцип залудно. Еден вид миграција е таа на португалците кон Белгија, друга на бугарите и романците кон Англија, а сосема трета е миграцијата на африканците кон Италија или на арапите кон Шведска. Причината за овој навидум елементарен факт да биде толку често игнориран е стравот. Стравот на луѓето во Европа по Втората светска војна откако се извршија голем број геноциди и злосторства на етничка основа, по холокаустот, да признаат или пак да искористат во своите тези дека постојат различни групи луѓе со различен етнички, верски, културен или друг пред знак.

Европјаните небаре се вкаменети од страв да признаат дека слични основни разлики меѓу луѓето постојат и точно во тие разлики се суштинските одгорови на неколку прашања . Примери: Зошто дадена миграција се смета за корисна од една страна, а од друга страна за штетна? Зошто определена група од луѓе се асимилират брзо и лесно во новата држава, а друга група продолжува да си составува паралелна култура и демографска група дури и после многу поколенија.

Токму поради овој страв кој што беше роден од шокот на Втората светска војна, европјаните неколку децении не си дозволуваа да критикуват (особено јавно) или организирано да се спротиставуваат за отварање на границите кон Африка, Азија, нивните поранешни колонии и Третиот свет, што се случи во 60тите и 90тите години на минатиот век со неколку закони. Отварањето на границите многу брзо создаде голем број на заедници во Западна и Северна Европа од луѓето од Африка и Азија, за кои што локалните жители беа убедувани дека дојденците нема да бидат интегрирани туку асимилирани. Тоест, во иднина тие луѓе нема да претставуваат оделна демографска група туку неразделен дел од целото општество.

За жал, тоа никогаш не се случи. Напротив, тие луѓе продолжија да создаваат нови поколенија, родени и израснати во новите и модерни европски држави. Тие поколенија сега се уште посилни арапски, турски или пакистански националисти, уште поконзервативни муслимани и многу посигурни во „својата поразличност“ од своите предци кои што имигрирале во тие држави. Истражувањата го докавужаат тоа со секое изминато поколение. Соодветен пример за ова се последните избори во Турција. Таму, исламистите околу Ердоган добија поголема поддржка од турците во Германија (од дијаспората) отколу од самите турци во Турција. Меѓу нив, доминантни беа гласовите на младите турци кои што се родени и израснати во срцето на Европа.

Поголем беше процентот на младите муслимани во Англија кои што беа прашани за мислење за Шеријатот и хулењето на Бога. Тие дадоа одговори во сообразност со политичкиот ислам (исламизмот) отколку своите врсници муслимани кои што живеат во државите на своите предци- Пакистан, Бангладеш и Индија. Сличен одговор на ова беше даден пред неколку години во едно социолошко истражување на „Guardian“– крајно либералниот и прогресивен медиум кој е заштитник на мултикултуризмот. Според анкетата, 52% од британските муслимани (и само 5% од немуслиманите) сакаат хомосексуализмот да биде казнив со закон.

Тука не станува збор за спротиставување на геј-браковите, туку на самото постоење на хомосексуални луѓе. Ова, а и многу други слични резултати од ова истражување го поттикнаа тогашниот директор на комисијата за „Еднаквост и човекови права“- Тревер Филипс да искаже отворена загриженост од формирањето на британските муслимани во посебна „нација на нацијата“.

Сето ова укажува на еден факт за којшто се чинеше дека повеќето Европејци знаат и го чувствуват со години, но им беше страв да го признаат. Преселувањето на луѓе од Африка и Азија во Европа не се одвива како што тие очекуваа. Имено, како преселувањето на европјаните во САД, култура што ќе создаде една општа група луѓе, со вкупен идентитет каков што е идентитетот на „Американецот“, „фалсификуван“ од англичани, ирци, германци, шкотите, италијанци, евреи, руси и сл.

Напротив, масовната миграција во Европа вроди една голема група на народи и култури, кои сепак се сметаат себеси за фундаментално различни како цивилизација и не сакаат да ги заборават своите идентитети и религија во замена за адаптација и асимилацијата кон некоја заедничка, локална, европска заедница. Во едноставни термини – Арапите остануваат пред се Арапи, Турците, пред сè Турци, Пакистанците првенствено Пакистанци, а француската, германската, англиската и другите култури и идентитети не го завземаат првото, туку дури второто место по важност за овие луѓе. Првото место е резервирано за исламот.

За последните 15 години почнавме да го набљудуваме природното будење на европјаните што дојде по осознавањето на горенаведените факти. Тоа будење веднаш влезе во конфликт со воспоставените либерални политички и медиумски елити кои сеуште инсистираат за спротивното и се убедени во идниот успех на мултикултурниот проект. Овој конфликт првично беше повеќе деструктивен, бидејќи од страна на противниците на масовната миграција, имаше само партии и политичари кои освен анти-миграциски став, сакаа да ја уништат ЕУ и обединета Европа, да ги повлечат своите земји надвор од ЕУ и од НАТО. Луѓе како Ле Пен во Франција или Герт Вилдерс во Холандија, кои успеваа да постигнат значителни изборни резултати на база на отпорот против масовната миграција кон нивните земји, секогаш остануваа на два чекори од победата поради инсистирањето тоа да оди рака под рака со евроатлантскиот скептицизам.

Неодамна на политичката сцена се појавија луѓе коишто сфатија дека европјаните немаат ништо против идејата за еден обидинет конинент без граници во него. Тие сфатија дека французите немаат ништо против тоа да нема граница меѓу Шпанија и Франција но не и да нема граница со Конго! Тие луѓе осознаа дека австријците не сакаат да го прекинуваат приливот и одливот на луѓе од и кон Чешка туку онаа имиграција од Турција или Ирак. Уште поважно е да се напомене дека овие размислувања не се табу-тема и нешто од коешто треба да се срамиме или пак тоа е страшниот збор „расизам“, туку е природна појава да ги набљудуваш културните разлики и вредности меѓу луѓето на планетата Земја и да бидеш во поблиски односи со оние кои што се ти поблиски.

Овој тип политичари започнаа да ги спроведуваат желбите на голем број европејци за прекинување на масовната миграција од Африка и Азија без да го комбинираат тоа со уништувањето на ЕУ или напуштањето на НАТО. Очекувано, оваа беше победничка комбинација. Оние сили кои што се декларираа себе си повеќе како конзервативни отколку „евроскептични“ започнаа да победуваат на избори. Полска и Унгарија се добро познати примери, но сепак државите од поранешниот социјалистички блок се уште не се цел на масовната афро-азиска миграција. Земјите како Австрија и Италија дефакто се претворија во држави- пионери помеѓу земјите зад поранешната Железна завеса. „Алтернативата за Германија“ наеднаш го започна својот поход кон управувачките улоги на Германија, а шведските Демократи се на пат да ја превземат најсигурната тврдина на прогресивноста и мултикултуризмот во Европа.

Очекувано, ваквата ситуација не оди во прилог на либералната и бирократска статус кво позиција во ЕУ. Лево-либералната елита, знаејќи го фактот дека се раѓа про-ЕУ но анти-миграциона сила, се обидува да го контролира незадоволството и да го усмери во друга насока односно да ја врати жабата во лонецот. На жалост на овие леви елити, демократијата не е на нивна страна. Не постои западно европска држава во кој мнозинството на народ не е против овој вид на миграција.

Истражувањето на Chatham House: “What Do Europeans Think About Muslim Immigration?” спроведено брз 10.000 западно европски граѓани, покажува резултати кои се во прилог на потврдување на оваа либерална статус-кво позиција. На испитаниците им е поставено прашањето до кој степен се согласуваат или не се согласуваат со тврдењето: “Any continuing immigration from countries with a Muslim majority should be discontinued.” 53% од германците одговориле позитивно, а 19% одговориле негативно, 64% од белгииците, 61% од французите и 65% од австрииците одговориле позитивно наспротив 15%, 16% и 18% кои одговориле обратно. Со други зборови, европјаните полека се будат од сонот кој им наложуваше дека масовната миграција и мултикултурализмот ќе ја подобрат Европа. Тие дефинитивно се спремни на намалување на температурата во тенџерето пред да бидат сварени. Демоктратијата е на нивна страна. На страната на нивните противници, лево-либералите, е само политичката коректност којашто е наметната од државата. 

За жал, европјаните немаат доволно време за да си ја вратат демократијата од лево-либералната елита и да ги сменат своите закони според желбите на мнозинството во однос на континуираната масовна миграција од Африка и Азија. Според друга голема студија, овој пат на Pew Research, ако миграцијата кон Европа продолжи со ист тренд, во земји како Шведска, населението ќе биде 30% муслиманско уште во 2050 година. Ова веќе би била целосно неповратна точка, по која „жабата нема како да излезе од жешката вода”, бидејќи сличен гласачки потенцијал секогаш ќе добива на избори и ќе успева да ја наметне својата власт за да ја држи отворена вратата кон континуираната исламизација. Шведска едноставно ќе биде совладана од исламот. Таа има помалку од две децении шанса да го запре овој процес за да не се најде на точката од која нема враќање.

За останатите европски земји важи истото, иако не во толку кратки рокови. Според последниот демографски извештај на ОН од 2015 година, Африка ќе го зголеми четирикратно своето население од 1 на цели 4 милијарди луѓе до 2100 година Тоа значи дека европските граници, отворени кон дури минимален процент од африканското население, ќе го осудат нашиот континент на истото демографско освојување од огромни маси на луѓе кои не ја прифаќаат европската култура и стил на живеење, истото што може да се случи во Шведска до 2050-та.

Ќе бидат ли европските народи „жаби кои нема да почувствуваат кога водата ќе зоврие”? Ќе дозволат ли нивните општества да се обликуваат од неасимилирани демографски групи, „Нации во нациите”, ќе бидат ли доволно несмасни за да ја задржат вратата на миграцијата вечно отворена, до конечното освојување на овие општества од културите и народите на Африка и Азија?

Одговорот на ова прашање, како што покажуваат истражувањата, веќе не зависи од тоа колкав процент на луѓе ќе бидат убедени во фактот дека оваа закана е реалност. Водата веќе зоврива.

Прашањето е според тоа, дали ќе се трансформира оваа ситуација во реален изборен резултат и политичка промена во владите на европските држави. За таа цел, веќе е потребно и нешто друго – создавање во секоја европска земја политички партии/блокови кои ќе одговараат на таа желба наевропјаните за ограничување на миграцијата однадвор, без да се впуштаат во деструктивен евроскептицизам и анти-НАТО бран. Изборите во повеќето земји покажуваат дека добитната комбинација е зачувување на границите на европската цивилизација, без враќање на границите внатре во неа. Со други зборови одбрана на домородните народи и култури на Европа пред масовната миграција од Африка и Азија без уништување веќе постигнатото внатрешноевропско обединување.

Сето тоа ќе го постигнеме со класичен европски конзерватизам, а не со евроазиски евроскептицизам!

Пишува: Кристијан Шкварек, Конзерватив Бугарија [Conservative.bg]
К. Шкварек има завршено факултет за историја во Ковентри, Англија, а магистратура за европеистика и политика на Католичкиот Универзитет во Лувен, Белгија и е дел од првата дебата на Конзерватив МК одржана на 23ти Септември, „Разбирајќи го конзерватизмот“ [ВИДЕО].
Статијата е дел од годишникот на Конзерватив БГ кој може да го погледнете тука.

Сподели: