Рекетот цвета, плач и лелек во источна Македонија
28/11/2019 In Македонија Leave a comment
28/11/2019 In Македонија Leave a comment
Деновиве, посетувајќи ги населените места во источна Македонија, нема човек кој е дел од приватниот сектор, а да не ми се пожали. Впечатокот е дека скоро и нема фирма од која не се бараат пари на месечно ниво за да „немале проблем“. Па и зошто би имале проблем кога тие пари оделе за правиот пат?
Bо Штип посетив една конфекциска фабрика каде сопственикот е Македонец и ми вили: „Михаил, како бе брат јас да поделам 200 плати во месецот? Како да поделам кога за секој настан ми тропаат на врата? Се ми земаа! Уште душата ми остана, но и таа да можат ќе ми ја земат. Ме носат кон клиничка смрт, дишам, но не фукционирам“.
Во Делчево пак, ништо поразлично. Сликата во истокот кој е бастион на македонизмот е навистина на „прав пат“. На тој прав пат младите се иселуваат, но затоа, рекетарите се тука. Оние и така малку фирми што работат и се дел од малиот и среден бизнис, наместо да добиваат државна поддршка преку либерализација, намален данок и друг начин, тие добиваат рекет. Овие газди делат плати, куќат куќи, ранат цели семејства.
Јас можев и едно им ветив, дека после црни облаци секогаш доаѓа сонце! Им ветив дека обновата доаѓа и тој процес повеќе е незапирлив. По победата на 12 април им ветив дека сите овие криминалци ќе ги стигне правдата, а никој повеќе нема да смее да помисли пак да побара рекет. Овие фирми се столб на економијата и кои го држат во живот истокот.
Политички коментар на Михаил Новковски, уредник на Конзерватив МК и дел од раководството на политичката партија МААК – Конзервативна.