Честитки за Бразил. Падна цврстиот бастион на социјализмот!
На изборите кои се одржаа вчера во Бразил победи конзервативниот кандидат за претседател, Џаир Болсонаро [Jair Bolsonaro]. Конзервативната иделогија има широк спектар на делување, а конзервативецот може да верува во традиционалниот конзерватизам, социјалниот конзерватизам, па се до модерниот и прогресивниот конзерватизам. Партијата на Болсонаро, Социјално либералната партија, верува во економскиот либерализам и децентрализираната моќ.
Џаир Болсонаро, често нарекуван и „екстремен десничар“ [far-right candidate] е класичен традиционален конзервативец кој верува во правда и правна држава како и индивидуални права и слободи. Затоа, тој е познат во јавноста како „бранителот на слободата“ (the defender of freedom). Болсонаро е исто така силен подржувач на Израел и доби значајна поддршка од израелското лоби во Бразил.
„Ќе водам држава и влада која ќе ги почитува и брани индивидуалните слободи и права на своите граѓани и држава каде што законите ќе важат за сите подеднакво„ – вели Болсонаро.
Како и сите конзервативци,
кандидатот за претседател Џаир Болсонаро, верува дека слободата ни е изгубена! Овој
пример можеме многу добро да го с
поредиме и со нашата држава, Ма
кедонија.
Како што вели Александар Богоевски за слободата, „Таа ни е одземена токму од сопствените институции кои со секоја помината година растеле во големина и станувале сѐ посилни, а поединецот сѐ послаб“.
Анализирајќи 94% од изброените гласови, констатирана е победа со 55.54% за Болсарио наспроти 44.46% за противкандидатот, социјалистот Хадат [Haddad]. Како што споменавме, Болсарио е дел од Социјално либералната партија на Бразил [Social Liberal Party – PSL], која важи за конзервативна партија залагајќи се за следните принципи:
- Слободна економија и трговија;
- Гонење на корпуцијата во државата;
- Бразилски национализам;
- Национален конзерватизам;
- Децентрализирана моќ;
- Општествено конзервативни политики во врска со абортусот, легализација на марихуаната и учење на родов идентитет во училиштата.