2017та година беше најлоша година според бројот на родени Македонци – само 11.260, но по се изгледа тоа не беше дното. Според податоците излезени минатиот месец, бројот на родени Македонци во Република Македонија во минатата 2018 година бил само 10.862.

Овој податок значи дека никогаш помалку Македонци, не се родиле во една година во историјата на Македонија! – покажува анализата која во соработка ја изработија „Конзерватив МК“ и „Економски Лидер“.

Уделот на етничките Македонци во вкупниот број на родени во Македонија, минатата година бил историски најниски 50.9%. Ова значи дека на Македонија и се заканува права демографска катастрофа. Особно затоа што што веќе во првите 4 месеци од актуелната 2019та година имаме за цели 940 деца помалку родени во однос на историски најлошата 2018-та година.

Стапката на новородени, може слободно да се земе како оценка за добробит во општеството и колку семејствата се сигурни во својата иднина, па создаваат поколенија.

Уште еден доказ за лошото владеење на владата на СДСМ е податокот дека токму 2017та и 2018та година се рекордно ниски години според број на новородени Македонци и дека граѓаните не гледаат просперитет и иднина во нашата држава.

Истиот тренд го забележуваме во 2019та, па владата ќе може да се пофали со уште еден „успех“до крајот на 2019та кога за според овој тренд, веројатно е да очекуваме дека е за прв пат ќе се родат помалку од 10.000 Македонци, што ќе е црвен аларм за нашата држава.

1992, првата година од постоењето на независна Македонија е година кога убедливо се родиле најмногу деца, дури 17.380. Понтаму, следува пад, кој малку се намалува во годините кога земјата не е во политичка криза. Исто така, забележливо е дека секогаш кога на власт е центар-левата СДСМ, почнува надолен тренд.

Оваа кратка анализа е изработена во соработка помеѓу „Конзерватив МК“ и редакцијата на „Економски Лидер“. Податоците врз база на кои се изведени заклучоците и графиконите, се добиени од Државниот завод за статистика.

„Конзерватив МК“ е политичка организација и тинк-тенк кој промовира конзервативни вредности и либерални економски политики, пренесува порталот ЛИДЕР МК (ЛИНК).

Аналитичкиот центар на „Конзерватив МК“ заедно со „Лидер“, во наредните денови ќе објават прва публикација за наталитетот и неговата поврзаност со образовните струки.

Главен автор на анализата: Стјепан Покупец
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК
Следете не на FacebookInstagram & YouTube 

Сподели: