Полека но сигурно, Европа и светот се мобилизираат во центар-десно и десно во одбрана на човековите вредности, нашите различни култури, идентитетот и нациите. Во Рим денес се направија првите чекори кон обединување на политички движења и платформи од Вашингтон до Тел Авив, преку Варшава до Брисел и Лондон.

Под покровителство на Вашингтон, и во организација на домашниот тинк-тенк  Nazione Futura говорници на конференцијата “National Conservatism: God, Honor, Freedom of Nations беа Марион Марешал, младата наследничка на Марин Ле Пен, Матео Салвини, Виктор Орбан, Џорџина Мелони (ECR), Европските конзервативци и реформисти, делегации на водечките партии и движења од Полска, САД, Израел и многу други лидери од најголемите европски држави и влади.

Стефан Василевски и Франческо – лидер на Nazione Futura и организатор на конференцијата.

Слики: Marion Maréchal наследничката на Марин Ле Пен и младата и нова надеж на Франција и Европа!
#Identity & #Democracy

Orbán Viktor – ФИДЕЗ Унгарија.
Thierry Baudet – младата десничарска ѕвезда од Холандија кој со партијата FvD доминираа и победија во сенатот.
Матиас Карлсон од Sverigedemokraterna – доминантна либерал-конзервативна партија во Шведска која успеа да ги надемине Модератерна и социјалистите за прв пат!

Франческо Гибилеи (Francesco Giubilei) – 28 годишен лидер на NAZIONE FUTURA и главен организатор од Италија на конференцијата.
Професот Prof. Ryszard Legutko од Полска и шеф на групата на Европските конзервативци и реформисти во Европскиот парламент.

Мате Чурич и центарот за обнова на култура во Хрватска и дел од ХДЗ.
Авторот на “The virtue of Nationalism”, лидер на израелскиот The Herzl Institute & автор на видеото на PragerU “Why you should be nationalist”.

Дел од настанот беа и младите крила и организации од Браќата од Италија – Fdi (ECR Italy) како и од ЛЕГА партијата на Матео Салвини.

Делегат поканет од домашните организатори од Конзерватив МК беше Стефан Василевски, извршен директор на Conservative.mk

Сподели: