Re-post: 4/20/2020, Дали марихуаната треба да се легализира?

Пред сè би сакал да кажам дека славење на празникот „420“ е лош филм од страна на средношколците кои имаат недостаток од внимание, вишок на пари од родителите и идол у животот им е Wiz Khalifa. Секој 20-ти април се наметнува истото прашање: „Дали марихуаната треба да се легализира?“. Иако не сум многу запознаен со темава, сепак имам свое мислење.

Еве моментално травата не е легална, така? Па, пак секој втор пуши. Факт е дека ако се легализира значително ќе се намали продажбата на црно. Така, државата ќе зима пари од секоја продажба, а сите ќе пушат поквалитетна трава. Пример, Калифорнија го легализирала канабисот во 2018-та и истата година од тоа направила 300 милиони долари.

Од друга страна пак, научно е докажано дека пушењето е штетно – има реакција на телото. Нека си пуши кај сака, свесен за ризиците, но не на јавни места каде тој до него нема избор дали ќе вдишува пасивно или не. Може да размисли и за „марихуана friendly“ места или „марихуана friendly park“. Многу е лошо тоа што тие што веќе пушат често убедуваат и другите околу нив да го прават тоа. Тоа воопшто не го оправдувам.

Сепак, генералниот заклучок ми е дека марихуаната ТРЕБА да се легализира, но со ограничувања. Доколку повеќе имате читано на темава, ве охрабрувам да го напишете вашето мислење во коментар и да развиеме дискусија.

P.s. За сите тие што викате дека десничарите не треба да поддржуваат легализација на марихуана, само ќе ви кажам дека според мене не треба да има идеологија на ова прашање. И самиот Доналд Трамп најверојатно во платформата за претседател на САД во 2020 ќе стави легализација на марихуаната.

Пишува: Боемот 2.0
Instagram: 

Сподели: