Сандерс не би помиинал добор никаде, најмногу поради раздорот не кај демократите, туку поради раздорот во самата негова кампања. Александриа Оказио Кортез, кој сам тој си ја одбра да го придружува и да го заменува на митинзи каде тој нема да може да присуствува, почна да го блати насекаде, пренесувајќи дека Берни би ги отворил границите комплетно, би ги расформирал граничните служби комплетно, и да, би им го одземал приватното здравствено осигурување, нешто што го потврди и самиот Сандерс.
Си заборавил да ги спомнеш важните фактори кои се наречени “vote or bust”, и кои ги имаат сите останати кандидати против кои се бори Сандерс. Да појаснам, постојат луѓе кои се колнат на верност на својот кандидат, и кои ветуваат дека доколку нивниот кандидат не ја добие номинацијата, тие нема да гласаат за друг. Од сите кандидати, наголема „баст“ група има Ендру Јанг, кој повлече сериозен процент на следбеници, и пред неколку дена се откажа од трката. Сите останати кандидати (освен Ворен) имаат своја „баст“ група на поддржувачи кои не би гласале за Сандерс.
(Да не спомнувам дека Бутиџиџ е далеку од умерен кандидат и останати дезинформации нашлакани во колумнава. Ќе се задржам на Сандерс и зошто сосема си погрешил во анализите)
Никој на Сандерс не му ја залепил етикетата на социјалист и комунист на сила. Прво, јавно кажа дека поддржува даночна стапка и до 90%. Второ, јавно кажа дека ќе го одземе приватното здравство, и токму поради ова од вечерва загуби поддршка од голем и важен синдикат во Невада. Трето, јавно пред некоја деценија (1985) изјави дека луѓето во многу земји чекаат во редови за храна, и дека тоа е добра работа. И на крај, за само пет години ја смени песната од „отворени граници е предлог на браќата Кох за да имаат евтина работна рака“ до „отворени граници за сите“. Ако некој му залепи етикета на комунист на Сандерс, тогаш тоа е Сандерс.
Споредбата на Сандерс со Корбин е многу достојна, и не знам зошто си толку погоден.
Доколку кампањата на Трамп се плаши од некој кандидат, далеку повеќе би се плашела од Сандерс, отколку од Бајден. Трамп во ниеден случај нема изјавено дека се плаши од кандидатурата на Бајден, поради што валкањето на Бајден не беше од страна на Трамп, немаше логика ни потреба да биде од страна на Трамп. Бајден е нечист политичар со отворено криминално минато, самиот си призна дека ја уценуваше Украинската влада за да го отпуштат јавниот обвинител поради тоа што ги истражуваше криминалите на Баризма. Син му на Бајден немаше никакво реално место во Баризма. Тоа е чист пример на непотизам. Бајден си го направи тоа сам. Плус, Бајден во последниве неколку месеци направи такви тешки глупости што дури и петтоодделенец не би бил исплашен да дебатира со него.
И сепак, Трамп би уживал да излезе на дебатна сцена со Сандерс затоа што знае дека ќе го сомеле. Затоа што Сандерс не знае кај тера, да го кажам просто. За ова подоле.
Трамп знае дека неговото мнозинство е ОГРОМНО. Не знам кои статистики ги следиш, одблокирај неутрални анкетни организации на Твитер, поддршката на Трамп расте секој саат.
Колку да спомнам само, Блумберг нема да успее ништо да направи поради неколкуте свои неславни изјави како за малцинствата, така и за сиромашните кои според него треба да се оданочат бидејќи не знаат сами да решат како да ги потрошат парите. Блумберг нема шанси.
Трамп нема потреба да го опишува Сандерс како комунист кој не застанал против маскулистичките напади на неговите поддржувачи кон Хилари во 2016. Берни нема кичма да се одбрани од целата неправда која му се случува во самиот Демократски камп во последниве 3 години. Берни може да само правилно да биде експониран од Трамп како политички бескичмењак.
Сандерс не може својата идеологија да ја трансформира во „автентично политичко движење“, затоа што тоа движење би било комунизам. А како што знаеме сите, нема ништо автентично во комунизмот. Пробано – видено.
Идејата на Сандерс за плата од 15 долари/час веќе беше применета од неколку големи компании, и веќе покажа негативни ефекти, загуба на работни места и парадоксално – намалување на платата и додатни бенефити за најранливите групи на работници. Да биде иронијата уште поголема, кога вработени во кампањата на Сандерс му побараа да практикува тоа што проповеда и да им даде 15 долари/час, прво ги одби. Потоа, прифати, им даде 15 долари/час, но им ги намали работните часови.
Еднаквоста маж-жена како во работните услови така и во приходите е веќе озаконета од Џон Ф Кенеди во 1963. Денес, сметано според работните часови и во соодветни индустрии и работни места, жените заработуваат повеќе од мажите.
И покрај тоа што ти сам очигледно поддржуваш небулозни политики како бесплатно универзитетско образование, отпишување на студентските долгови, и бесплатно здравство за сите, ги нарекуваш „одлични на хартија“, сепак и самиот признаваш дека е „многу потешко“ да се објасни од каде ќе се најдат пари за истите. Само што не е потешко, туку невозможно.
Со крајната реченица всушност самиот ги опишуваш причините зошто Трамп не се плаши од Сандерс, зопшто Трамп многу би сакал да се најде со Сандерс на сцена и зошто знае дека по многу лесна постапка би го раскомадал на дебата. Џабе дробењето за пропаганди и погрешни паралели…
Америка не е подготвена за комунистичка револуција затоа што Америка е слободна земја која долго време се бори против комунистичките идеали насекаде низ светот (колку е оправдано тоа е сосема друг муабет).
Е да, и за малку да заборавам. Како шлаг на „пропагандата“ на Трамп дека Сандерс е комунист, се надодава и познатиот демократ-коментатор Џемс Карвил, кој откако беше нападнат од Сандерс дека бил политички преварант, одговори велејќи „Барем не сум комунист“.