„Сега ќе ја земеме Џорџија, а потоа ќе ја промениме Америка“ (Now we take Georgia, and then we change America). – Чак Шумер, лидерот на Демократите во Сенатот на САД неколку дена по претседателските избори. Зошто претстојните избори за двете сенаторски места во Џорџија се важни за иднината на САД?

Улогата на Сенатот: контрола и над самиот претседател на САД!

Во случај Трамп да не успее во своите обиди да добие втор мандат, и ако ги добијат двете сенаторски места во Џорџија, Демократите ќе имаат комплетна контрола на власта во САД – Претседател, Конгрес и Сенат, нешто што последниве години им успеало само по 2 години од вкупните мандати на Обама и Клинтон.

Сенатот на САД е составен од 100 сенатори, од секоја сојузна држава по двајца. Од 1913 се гласаат директно на избори. Еден мандат трае 6 години, а на секои две години се одржуваат избори за мандатите на 1/3 од сенаторите. Сенатот има „советодавна и одобрувачка“ улога на одлуките на претседателите и на Конгресот. Одобрува меѓународни договори, ги одобрува предложените членови на Кабинетот на претседателот (извршна гранка на федералната влада на САД, или ние што би рекле –  министрите), ги одобрува/одбива буџетите, одобрува предложени судии во Врховниот и во Федералните судови, амбасадори, со 2/3 мнозинство предлага амандмани на Уставот, итн. Сенатот ги води процесите на оние кои се „обвинети“ (impeached). Основа комисии и прави истраги за актуелни политички теми. Со сенатот претседава и го води потпретседателот на САД, кој е неговиот 101-ви член. Сенатот има контрола и над самиот претседател – може да го тргне од власт. Едногласен сенат знае да биде посилен и од претседателот на САД.

Моментално, Републиканците имаат 52 сенатори, а Демократите 48.

Актуелните сенатори од Џорџија, Лофлер и Пердју (десничари), на гласањето на 3 ноември водеа над Варнок и Ософ (демократи), но нажалост не успејаа да освојат над 50% од гласовите и да победат во првиот круг. Затоа, се оди во „втор круг“ (run-off) нa 5 јануари 2021 година. Демократите тука видоа голема шанса за освојување на комплетната власт. Ако двата нивни кандидати успеат да ја свртат работата во корист на нивна победат во Џорџија, ќе бидe 50:50. На тој начин во конгресот ќе има резултат од 50 десничари према 50 демократи. Во таков случај одлучувачкиот глас за Демократите (51-виот), а тоа ќе биде нивниот потпретседател, во случајов Камала Харис, која ќе го претседава Сенатот. Тоа да не се случи, Републиканците мора да освојат барем едно место.

Но, која е вистинската потреба на Трамп за добивање на изборите во Џорџија?

За да го задржи мнозинството во Сенатот – со Трамп работите секогаш се практични. Тоа стана повеќе од јасно по 14 декември, кога електорите ги пуштија своите електорски гласови до Конгресот. Во Пенсилванија, Џорџија, Мичиген, Висконсин, Аризона, Невада и Ново Мексико, електорите и на Бајден и на Трамп ги пратија своите електорски гласови до Конгресот дека ги бираат своите кандидати – едните сертифицирани од гувернерите (Бајден), а другите сертифицирани од изборната комисија (за Трамп).

Како оди понатаму процедурата? Најпрвин, Конгресот треба да одобри една од листите на електроски гласови и да ја верификува. Наредно треба Сенатот истата листа да ја верификува, нешто што е тешко да се случи, затоа што Конгресот, бидејќи е Демократски, ќе ја верификува листата на Бајден, а тоа Сенатот, кој е Републикански, ќе ја одбие. Ова ќе биде прв пат Америка да се најде во ваква ситуација, но сето тоа е предвидено со Уставот и демократијата на САД.

Во оваа ситуација, има три можни сценарија:

  1. Мајк Пенс, како водач на Сенатот, да одлучи (секако, со Сенатско мнозинство), да ги отфрли листите на електори и на обата претседателски кандидати. Со отфрлени електори од погорните 7 држави, Трамп има јасно електорско водство над Бајден и останува претседател;
  2. Конгресот одлучува кој ќе биде претседател. Но, тука не одлучува мнозинството на Конгресмени, туку секоја држава, според моменталниот број на Конгресмени има по еден кандидат. Тука гласот на Калифорнија, која е 55 милиони жители е ист, со гласот на Њу Хемпшир, кој е 3 милиони – се гласа по сојузни држави. Тука Републиканците имаат мнозинство од 27 делегати, наспрема 23 на Демократите. Во овој случај, повторно Трамп добива.
  3. Ако до 20 јануари нема разрешница од погорните две процедури, Ненси Пелоси, како претседател на Конгресот, станува „ВД претседател“ и до разрешување на работата таа ќе ја води државата. Под разрешување на работата, може да значи и повторни избори.

Секако, во сите варијанти, за Трамп е најважно да го задржи мнозинството во сенатот.

Затоа Џорџија е важна.

Пишува: Зоран Данилов, оперски пејач, голем фан на конзервативните политики како и на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сподели: