Главниот проблем во 🇲🇰 македонско-бугарските 🇧🇬 односи е политичкото мешање во работата на заедничката комисија за историја. Еве еден добар пример зошто, ова е апсолутно погрешно.

Кога политичар „ја става главата“ во наука, тоа е исто толку глупаво и неефикасно како главата на нојот во песок. Примерот со уметноста, го објаснува најдоброто.

Слика 1: Што нормална личност може да види на сликата на St. Sebastian од Гвидо Рени?
– Ништо посебно.
Но човек со макар и мало познавање на уметност, лесно може да ја забележи типичната „барокна композиција“. Во основа тоа е дијагонала (сина линија) што оди од едниот агол до спротивниот дијагонален агол. Од таму се протегаат, честопати, на 90 степени од главната дијагонала, линиите до другите агли (црвени линии).

Оваа низа на тријаголници, никогаш не се појавуваат во „мирување“ односно на самата слика. Се користи превртена или ротирана, а понекогаш и само една посебна секундарна дијагонала.
Во ренесансата пак, позната е типичната триаголна-централна форма, како кај Мона Лиза. Покрај дијагоналиве, во уметноста, има многу други ЕЛЕМЕНТИ НА КОМПОЗИЦИЈА, како што се БОИ, ТЕКСТУРА, итн. Незабележливи за обичното око.

Сликата на Себастијан лево покажува колку „во основа“ може да види политичар или нормален граѓанин за историското прашање (наука). Ова е првенствено причината зошто историските прашања не треба да се политизираат!

Слика 2: На втората фотографија, има две слики што прикажуваат слични сцени.
а) Левата, од Рафаел, е од ренесансата и користи типичен триаголник познат во уметноста од тоа време. На тој начин, на сликата и се дава стабилност и сила, како и одредена религиозна симболика.
б) Сликата пак од десното, е од Рубенс. Тој користи две дијагонали кои даваат подинамичен состав на делото. Главната дијагонала честопати е засилена со линии што одат паралелно со неа.

Како овој приказ, перфектно ги отсликува избразаните изјави на Заев?

– Кога политичар се меша во наука, без разлика дали е медицина, екологија, историја или слично, а притоа, без да се консултира со научен, граѓански и интелектуален сектор од тоа поле, шансата за ГРЕШКА е преголема. Особено, кога си премиер на една држава, ваквите избрзани и “фрлени од рака” изјави, одат во негативна насока.

Дури и јас, кој на свои 5 години имам добиено награда за најдобра слика од Град Скопје од тогашниот градоначалник, и покрај своја мини-галерија на 6 години, сепак, и за овој пост дополнително се консултирав со врвни македонски уметници за точноста на информациите.

Да за одење НАПРЕД, но со дигнитет, достоинство и пред се НАУКА!
#FORWARD, but with dignity!

Автор: Стефан Василевски.

Сподели: