Пред само 2 дена, на ЕРАЗМУС + социјалните мрежи излезе извештајот на ЕВРОСТУДЕНТ за социо-економските услови на студентите и студентскиот живот од 2016-2018 низ цела Европа (Social and Economic Conditions of Student Life in Europe).

ЕВРОСТУДЕНТ е организациска мрежа преку ЕРАЗМУС + програмата која во себе содржи групи на истражувачи, аналитички центри, работници со дата бази, претставници од националните министерства како и многу други организации кои имаат за цел заедничко учество во истражувањето за условите на студентите во Европа односно социо-економските услови во секој држава. Нажалост, надлежните институции од таканаречената „влада на Европска Македонија“ уште еднаш потфрлија во својата европска агенда и Македонија нема свое учество во овој и те како значаен проект.

Македонските конзервативци кои во својата групација имаат и млади студентски структури (наскоро и официјален дел од најголемата студентска политичка мрежа, Students for Liberty), ја осудуваат оваа грешка на надлежните институции во Министерството за образование и наука како и надлежните студентски организации кои сметаме дека треба да бидат дел од овој значаен проект.

Воедно, македонските конзервативци како организација прашуваат каде се таканаречените Студентски Пленум? Дали и тие беа уште една манипулативна алатка за собирање на гнев кон претходната влада со цел инсталација на кадри на СДСМ во новата влада на Република Македонија? Дополнително, тоа што студентскиот пленум не е активен повеќе од 1 година и 3 месеци како и фактот дека нивната веб-страна веќе не постои, ни дава за право да помислиме дека се уште една манипуалција како СЈО, но овој пат не за правда туку манипулација за реформи образование.

Конзерватив МК ги поздравува вистинските револтирани студенти кои излегоа на протестите и кои беа против тогашните избрзани реформи од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но исто така изразува загриженост поради тоа што истите беа изманипулирани и искористени како алат за власт од СДСМ.

Линк до извештајот: EUROSTUDENT – Social and Economic Conditions of Student Life in Europe 2016 – 2018
Следете не на FacebookInstagram & YouTube
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК

Сподели: