КОМПЈУТЕРСКА БЕЗБЕДНОСТ: Опасноста на руската апликацијата за постар изглед “FACEAPP”
19/07/2019 In Безбедност и одбрана, Европа и светот Leave a comment
19/07/2019 In Безбедност и одбрана, Европа и светот Leave a comment
Интернетот е место кое нуди безброј информации, знаења и забавни содржини, како за децата и тинејџерите, така и за возрасните. Секој може да најде интересни и корисни содржини од многу сфери кои може да ги вгради во својот образовен процес, да надополни празнини во своето знаење од некоја област или едноставно да се информира за некоја тема. Исто така, интернетот нуди различни форми на забава за секого, како и досега невидени можности за комуникација. Но од друга страна пак покрај овие придобивки бројни се и безбедносните закани кои постојат на интернет, а особено оние насочени кон загрозување на личните податоци на корисниците.
Таков пример деновиве беше познатата руска апликација “FACE APP” која ви овозможува да видите како би изгледале кога би биле постар. Сите кои ја користеле оваа апликација треба да знаат дека се согласиле нивните лични податоци да бидат достапни во целост! Тоа значи дека вашите информации, слики, видеа и останати артикли, може да бидат искористени онлајн без никаков надоместок и дека вие се согласувате на тоа. (СЛИКА: Прифаќање на услови при користење на апликацијата)
Македонските конзервативци (Conservative.mk), се заблагодаруваат на Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – ICBOM кои помогнаа во изработка на овој текст и ви препорачуваме да го прочитате доколку сте ја користеле апликацијата.
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет[1].
Безбедност на интернет е гранка на компјутерската безбедност (CYBER SECURITY) конкретно поврзана со интернет. Нејзината цел е да се воспостават правила и мерки против нападите преку интернет. Интернетот претставува еден несигурен канал за размена на информации, што доведува до висок ризик од упад на хакер или измама. За заштита на пренос на податоци, се користат различни методи, вклучувајќи енкрипција[2].
[1] Закон за заштита на личните податоци
[2] https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82_%D0%BD%D0%B0_%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82
Секој ден се поголем е бројот на пријави за повреда на правото на заштита на личните податоци што ни сведочат и годишните извештаите на Дирекцијата за заштит на личните податоци. Во 2018 година Дирекцијата постапила по 369 претставки за повреди на личните податоци поднесени од физички и правни.
Злоупотреба на лични податоци во телекомуникациски сектор
ИНФОГРАФИК: Претстапки по социјални мрежи 2018та година (голем график) Претстапки на социјални мрежи по години (мал график). Извор: Дирекција за заштита на личните податоци, годишен извештај за 2018.
Дирекцијата за заштита на личните податоци прима барања од граѓани, на кои без нивно знаење и согласност од страна на трети лица се употребени нивни лични податоци (име, презиме, адреса, матичен број) за регистрација и активирање на при-пејд мобилни броеви кои предизвикале долг за оштетените или биле искористени за вршење на кривични дела.
ТЕМА: Компјутерска безбедност (CYBER SECURITY)
Автори на текстот:
Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир – ICBOM
Конзерватив МК – политичка организација – Conservative.mk
Следете не на Facebook, Instagram & YouTube
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК