Европската народна партија во Европскиот парламент започна кампања против Fake News за вакцини наречена #EPP4Health & #MythBuster. Борбата со #FakeNews ќе е најголемиот предизвик на сите национални, меѓународни и останати институции во период што следи. Без разлика дали се работи за невладин сектор, стручен сектор, институции, влади, креатори на политики, политичари и слично.

Политичарите кои се занимаваат со класична политика имаат обврска да бидат лидери во општеството бидејќи граѓаните ги избираат на непосредни избори. Како такви, од нив се очекува ништо помалку од комплетно и активно учество во процесите кои подлежат на дезинформации, рушење на кредибилитетот на институциите (светски, европски, домашни) и останато.Затоа, во периодот што следи дел од нас ќе започнат кампања #Conseratives4Health како инспирација од најголемата десничарска партија во Европскиот парламент. Останатите конзервативци низ светот и Македонија, пожелно е да се вклучат.

ПРВ МИТ: Преку вакцините сакаат да не „стерилизираат“ со цел да се намали светското население.

FALSE! Информацијата не е точна.

Што е точно?

Не постои ниту една студија или доказ дека вакцините директно влијаат врз стерилитетот.

Од кога се измислени вакцините, а особено од кога почнува 20тиот век кога антибиотиците, вакцините и останати медикаменти се измислени, светската популација нагло се зголемува. Значи баш напротив, тие успеале да придонесат кон а) поквалитетен и б) подолг животен век, како и в) нагло зголемување на светската популација.

Акцијата #Conservatives4Health продолжува секоја недела. Следете не на нашите профили на социјалните мрежи Facebook, Instagram & Twitter.

Сподели: