Што прво ви доаѓа на памет кога ќе слушнете суверена и национална држава? Се разбира, конзерватизам. Зошто го поставуваме ова прашање? Прочитајте повеќе за средбата остварена во Тел Авив со Ели Хазан [Eli Hazan]. Ели Хазан е директно именуван од премиерот на Израел, Бењамин Нетањаху, за Директор за комуникации и меѓународна политика во партијата Ликуд [Likud].

Изолирана држава која се наоѓа во пустински предел и опколена со соседи кои имаат проблем со признавање на таа држава и нејзините граѓани. Дали тоа ви звучи познато? Да, тоа е Израел. Таа е развиена и модерна држава која доколку ја погледнеме одблизу, и ние како Република Македонија, можеби ќе се пројнадеме себеси.

Израел е држава полна со историја, тие го имаат Ерусалим, ние го имаме Охрид, тие се библиска земја, ние исто така, тие имаат 5 основачи на модерниот Израел, ние имаме 6 основачи на ВМРО кои се идеолошките татковци на нашето постоење, за кое искрено можеме да кажеме дека доколку беа живи, ќе ги разочаравме.

Сепак, гледајќи го Израелскиот модел на држава која денес е една од водечките во светот на сите полиња, можеме да ја наведнеме главата и како ној да пробаме да се скриеме во срамот кој 27 години се правиме дека не го гледаме, а секој еден од страна може да го види.

Доста беше вовед, за Израел ќе зборуваме во нашите понатамошни текстови кога ќе ги претставуваме разните економски, еколошки, едукациски и други модели на функционирање на Израел. Да се фокусираме на најбитниот за нас дел, градење на национална и суверена држава!

Дел од тимот на Conservative.mk, благодарејќи на Извршниот Одбор на Алијансата на конзервативци и реформисти [ACRE] како и редакцијата на бриселскиот весник The Conservative OnIine, успеа да оствари средба со еден од предводниците на тимот на премиерот на Израел Бењамин Нетањаху, Ели Хазан [EIi Hazan].

На разговорите за стратешко партнерство помеѓу партијата Ликуд и идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk, беше договорено:

  • Можност за споделување на колумните и постовите на Conservative.mk на официјалната страна на партијата на премиерот на Израел, почнувајќи веќе од овој месец [преведени на хебрејски и англиски].
  • Можност за стратешко партнерство преку проекти во областа на слободен и отворен пазар, слободна трговија и отворена конкуренција.
  • Користење на контактната мрежа и лоби група на израелската партија за градење на наше понатамошно стратешко партнерство во однос на примарните идеологии на Алијансата на конзервативци и реформисти, конзерватизам и економски либерализам.

Сподели: