Македонија да потпише договор за забрана на кинеска 5G технологија!
03/10/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Македонија Leave a comment
03/10/2020 In Conservative.MK, Безбедност и одбрана, Европа и светот, Македонија Leave a comment
Разговорот на Артан Груби со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо за „Стратешки електронски комуникации, 5G мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО кон стратешките партнери“ е надвор од геополитичката позиција на Северна Македонија.
Инфографик #1: Спремноста на Македонија за 5G технологија е на многу ниско ниво, претпоследни сме во Европа!
Извор: Europe 5G Readiness Index Report.
Изминатиов период, 5G инфраструктурата стана главно безбедносно прашање во Европа и САД, бидејќи западните земји се загрижени дека Кина ќе може полесно да навлезе во нашата приватност, а со тоа и да го шпионира западниот свет. Компаниите кои произведуваат опрема и софтвер за 5G, можат да бидат закана за:
• националната безбедност;
• приватноста;
• интелектуалната сопственост;
• човековите права.
Овие правила важат за сите компании, но ЕУ, САД и западниот свет се особено загрижени од компанијата Хуавеи и ЗТЕ кои се поврзани со кинеската влада. За нас, најважно е да знаеме дека македонски Телеком соработува со кинеската компанија Хуавеи, како и во градењето на потенцијални 5G мрежи. Ние, како 30та НАТО членка, сме под опасност од шпионажа. Како што Македонија ја гради својата 5G мрежа, користењето доверливи продавачи станува исклучително важно.
Една од главните цели на 5G мрежата е развиена дигитална економија ширум светот. „Македонија има можност да ги искористи придобивките од дигиталната економија, но успехот ќе зависи од тоа дали ќе се користат снабдувачи од доверба, кои ќе ги заштитат приватните информации на граѓаните“, велат од Американската амбасада во Скопје за SDK.mk.
Неодамна, Словенија, Грција и други западни земји под покровителство на САД се согласија да го користат Ериксон наместо Хуавеи за развој на својата 5G инфраструктура.
Инфографик #2: Разликата во спремност за 5G технологија помеѓу западна и источна Европа е голема!
Извор: INCITES, 5G Readiness Index Report – Europe
Македонија мора да го следи чекорот на своите западни и НАТО партнери и да потпише декларација за целосна забрана на кинеска 5G опрема, антени и влијание во критичната национална инфраструктура.
Автор: Горан Стоименов, Конзерватив МК / Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир ICBOM.org