СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ НИЗ ГОДИНИТЕ: Настан и презентација која се одржа на 1ви декември СРЕДА, 18:15 часот, а можете да ја погледнете LIVE на нашиот Facebook канал.

Во рамки на иновативната иницијатива „Странски директни инвестиции во Македонија: Сон или реалност?”, дел од проектот „Поддршка на изборните реформи” кој е поддржан од Швајцарската амбасада/Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи во партнерство со Националниот младински совет на Македонија, мобилизаторот на заедницата Филип Ивановски (Конзерватив МК) организираше јавен настан и дискусија која се одржа на 01.12.2021 во кафулето Вудсток. Сите кои сакаа да ја следат дискусијата имаа можност да се вклучат на лајвс тримингот на Фејсбук. На овој настан се поттикна дискусија околу важноста на Странските директни инвестиции (СДИ) за општеството, се анализираше односот на СДИ и трговијата, се презентираше компаративна анализа на СДИ за земјите од Западен Балкан и се разговараше за безбедноста како клучен фактор за привлекувањето на нови СДИ. Притоа, беа презентирани и резултатите на анкетата за запознаеноста на јавноста со СДИ во Македонија, која носителот на овој проект Филип Ивановски ја спроведе во месец август.

Според истражувањето на Ивановски, Странските Директни Инвестиции (СДИ) во Македонија се делат на 4 фази:

ФАЗА 1: 1992 – 1997 годинаПриватизација, војни, практично и да немаше СДИ (вкупно 110,5 милиони евра СДИ во периодот 1992-1997) или просечно по 18,4 милиони евра на година.

ФАЗА 2: 1998 – 2005 годинаКарактеристична по преземања (аквизиции) на сите поголеми фирми во државава, државни или веќе приватизирани (банки, дистрибуција на електрична енергија, телекомуникации, нафтени деривати, како и поголем број од крупните суровински ориентирани капацитети).

ФАЗА 3: 2006 – 2016 годинаЕра на гринфилд-инвестиции, односно изградба на нови производствени капацитети, отворање на слободни економски зони, проактивна кампања за привлекување инвестиции Invest in Macedonia, владини роудшоа итн.

ФАЗА 4: 2017 година до денесВраќање кон пасивна политика на чекање да не пронајдат инвеститорите, укинување на роудшоата, укинување на економските промотори, назадување споредбено со земјите од регионот.

ЦЕЛОТО ВИДЕО ОД ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА И ДИСКУСИЈАТА:

https://www.facebook.com/ConservativeMK/videos/317224456676531

ГОВОРНИЦИ НА НАСТАНОТ:

Филип Ивановски (Управител на Конзерватив МК) – Мобилизатор на заедница кој врши мониторинг на Владата во делот на привлечени Странски директни инвестиции во Македонија.

Давид Салтамарски (Политички директор на Конзерватив МК) – Докторант на економски студии на Универзитетот “Климент Охридски” Битола, посетувал мастер студии на Карловиот Универзитет во Прага, Чешка.

Стерјо Папули – Магистер по економска дипломатија на Академијата за економија во Букурешт, Романија и поранешен практикант во Амбасадата на РМ во Букурешт.

Кристијан Мицевски (Надворешен консултант на Конзерватив МК) – Политиколог по глобална и американска политика на Универзитетот во Лондон, претставник на бизнис секторот во Обединетото Кралство.



Сподели: