Деновиве, актуелните и новопечени буџетари како и поддржувачи на комунистичката идеологија во Македонија, ги забележуваме како гордо ги споделуваат новите предизборни популистички мерки на владата. Гледаме како истите ја зголемиле минималната плата, како демек отварале странски инвестиции и уште многу пораки пласирани преку погледот од розовите очила.

Нив не треба да им се лутите. Луѓето си обработуваат за добиеното работно место или тендер. Но, највеќе боли тоа што сакаат нас кои не носиме розеви очила, при здрав памет да не направат будали. Е тоа нема да им го дозволиме! Ние, македонскиот народ, како и сите оние со чиста мисла, не можат ни во обид да не изманипулираат со популистички мерки. Едноставно, ниту еден популизам нема да помогне да го прикријат националното предавство.

Токму овие антидржавни популисти и национални гробари со своите обиди сакааат народот да им поверува, а да заборави кој го промени нашето име, кој ја направи Македонија двојазична, кој ја потчини државата на соседите, кој ги избрка младите и кој ја запусти Македонија.

Со популизам дојдовте! Популизам врз маката на младите, популизам за правда, популизам за европеизација. Ниту има правда, ниту младите се вратија, ниту налкуваме на европска држава!

Конзервативците секогаш се спротивставувале на популизмот!

Драги мои, ова не ви поминува! Секојдневно ја губите поддршката која и онака е мала и изразена само од вашите буџетари, советници и анационални политички сојузници. Вас историјата ве запиша но како луѓе кои за функции, за пари и привилегии ги предадовте вашите дедовци и баби. Исто така, се обидувате да им ја зацрните иднината и на вашите поколенија правејки ги глобални луѓе кои нема да имаат националност, чувство за државност и македонштина. За ваша жал, на спротивната страна сме ние кои не ни се важни фукциите, придобивките и материјалните добра, туку нашата татковина!

Ние, македонските родољуби, ви гарантираме дека вашата анационална идеја нема да успее, а вас ве испраќаме во страниците на црната историја! Ние ќе ја обновиме Македонија како национална држава и ќе ја вратиме на изворните принципи на суверенизмот.

Михаил Новковски, уредник на Конзерватив МК и дел од раковотството на Македонска Акција МААК.

Сподели: