Амбасадорот Вилчек [Piotr Antoni Wilczek], е полски интелектуалец, историчар и дел од партијата Право и правичност [PiS] од Полска која е моментално столбот на европските конзервативци. Тој во моментов служи како амбасадор на Полска во Вашингтон, САД. Исто така, амбасадорот Вилчек е и специјалист по компаративна книжевност, научна дисциплина што ги проучува книжевните појави во нивните заемни односи, како и во нивните односи со некнижевноста.

За време на учеството на македонските конзервативци на најголемиот светски десничарски самит/конференција, CPAC 2019, имавме можност да се запознаеме со амбасадорот Вилчек на специјална сесија и средба преку АКРЕ [Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа] која ќе биде водечкиот столб на таканаречените евроскептици на престојните избори во Европа. На средбата и сесијата каде присуствуваа членките на АКРЕ како конзервативците од Британија, ВОКС од Шпанија, Браќата од обединетата десница во Италија, Шведските демократи и значаен број на други претставници, фондации и тинк-тенк организации, беше јасно и концизно пренесно дека Полска ќе биде најголемиот партнер на САД и НАТО во стабилноста на регионот од Европа.

Полска, како и партијата Правда и правичност на премиерот Метеуз Моравицки [PiS, ACRE], ќе биде столбот на балансот во европската десница бидејќи има најизразено анти-руски ставови и токму поради тие причини е најголемиот партнер на администрацијата на Доналд Трамп. Строгата поставеност на анти-руската линија ќе биде најголемиот проблем во изнаоѓање на заедничко обединување под една група со новата формација на италијанскиот лидер Матео Салвини и добро познатата про-руски ориентирана Марин ле Пен која на ниту еден начин нема да може да биде дел обединети конзервативци и суверенисти.

Европските конзервативци и реформисти (ЕКР) се парламентарната група на светската и глобална мрежа АКРЕ и се свесни дека десничарите во Европа може да загубат од вкупниот број на пратеници при нецелосно обединување, но сепак немаат намера да отстапат ни чекор кон доближување до спојување со про-руски фракции. Во меѓувреме, британските европратеници остануваат дел од европските конзервативци најмалку до 2020та година.

Во прилог, ви пренесуваме краток текст од клучните работи искажани од амбасадорот Вилчек на таа средба кои се достапни онлајн.

Веќе повеќе од половина век, Европа доживува досега невиден период на мир и стабилност. Но, би било наивно да се помисли дека денешниот свет е без сериозни предизвици. Дел од тие предизвици се агресивната империјалистичка руска политика, политичката нестабилност на Блискиот исток и меѓународниот тероризам. На овие глобални закани мора да им биде одговорено со единство за целта која води до одлучувачко дејство – нам ни е потребна солидарност повеќе од кога било досега.

Солидарноста треба да е правилно сфатена како резолуција за промовирање на општото добро додека одржувањето на меѓусебното почитување на поединечните членови, константно да се зацврстува. Трајната солидарност која не е поткопана од одредени интереси, може да се гради само врз основа на суверени нации обединети околу заедничките вредности. Препознавајќи ја оваа вистина, Полска е и ќе продолжи да биде шампион за меѓународна солидарност.

Во месец февруари 2019та година, Полска и САД, во името на глобалната заедница, ја превземаа задачата да организираат министерски состанок за промоција на иднината на мирот и безбедноста на Блискиот Исток [слика]. Шеесет и пет меѓународни делегации се собраа во Варшава за отворен дијалог за прашања што се одвиваат. Се надеваме дека дискусиите ќе продолжат во рамките на формат на работната група со цел да се дадат значајни препораки.

Тоа што Полска и САД, сојузници преку Атлантикот, го организираа овој самит, говори за фактот дека заедницата на партнерства преку исти вредности не е органичена на еден континент. Америка игра суштинска улога во безбедноста на Европа, и додека Полска ги поддржува иницијативите како што е ПЕСКО, нашиот примарен фокус ќе продолжи да биде на Северноатлантската алијанса. Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, не потсети за партнерството со цитат во пресрет на Министерскиот состанок во Варшава „За да се соочиме со заканите пред кои сме изложени денес, луѓето на Полска знаат, а и народот на Соединетите Американски Држави знае дека на слободниот свет им се потребни силни и обединети членовите на НАТО Алијансата“. Има многу што треба да се каже за приодот на НАТО, но додека ја славиме 70-годишнината од формирањето на НАТО и 20-годишнината од членството на Полска во Алијансата, би го потенцирал нашиот пристап кој треба и таков да остане: „Еден за сите, сите за еден“. 

Во овој дух, Полска доследно ја демонстрира својата посветеност на подеднакво споделување на товарот како една од ретките членки на Алијансата која ги исполнува насоките на НАТО за одбранбеното трошење од 2% БДП и пошироко. Со оглед на важноста на нашата трансатлантска соработка, ние исто така сакаме да видиме зголемено американско воено присуство во нашата земја.

Америка е природен партнер на Европа. Со децении, САД се составен дел на европската безбедност, а двете се поврзани со длабоки политички, економски и културни врски. Во најдобар интерес на двете страни е да го поддржат и продолжат ова единство, а секое слабеење на нашето партнерство го поткопува мирот и просперитетот на сите европски нации. Полска е за обединета ЕУ со суверени држави, силен НАТО сојуз и вечна трансатлантска врска. 

Ова е причината зошто отсуството на единство што Европа го покажува кон одговор на надворешните закани (пример: мигрантска криза) треба да се третира со сета сериозност. Исто така, Норд стрим II [Nord Stream II] е најдобриот пример за тоа како недостигот на едногласна осуда на рускиот опасен и штетен проект ги стави некои европски земји во опасна позиција.

Заканите од надвор од ЕУ потсетуваат дека Европа не опстојува и живее во балон и дека во денешницата предизвиците и можностите за соработка се глобални. Геополитички, Полска има уникатна улога во градењето на меѓународната заедница. Нашето искуство докажува дека солидарноста е сила!  

Автор: Стефан Василевски
Автор на краткиот извештај и колумна (дел 2 од текстот): Амбасадор на Полска во Вашингтон, САД – AMB. PIOTR WILCZEK, Ambassador of the Republic of Poland to the United States
Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК / Conservative.MK 
Следете нѐ на FacebookInstagram & YouTube 

Сподели: