БУЛЕВАРКО: Неродените деца!
25/10/2019 In Conservative.MK, Македонија, Национализам, Христо Узунов Leave a comment
25/10/2019 In Conservative.MK, Македонија, Национализам, Христо Узунов Leave a comment
Како да се чувствува еден млад човек во Македонија, кој е еден до два степени над политичките елити во оваа наша држава, Македонија да потенцирам?
Кога е заробен од елитистички кругови кои освен личен интерес за себе, и најблиските, ги заболе за иднината на сегашнава генерација, буквално заробена во една мртва и нефунционална држава и по хоризонтала и вертикала. И судбината на неродените дечиња е овде уништена! Продадена! 3 генерации уништени од осамостојувањето и уште 3 фрлени во залог! Елити кои се лихвари на нашите животи!
Живееме во држава каде замислете, доаѓаат пресуди, извршни решенија за луѓе кои се и по 5..10 години умрени. Брзи пресуди, а жалбите….Најчесто заглавени по лавиринтите на оние згради со скап мебел, кој некој ги нарекол ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ!!!
Држава каде нема доктор да ве прими по клиниките, нема судија да ве заштити од моќните, нема учител кој треба вашето дете да го воспитува, нема глумец и пеач кој гзот не си го шитнал на едните или другите?
Не се ситам на тоа што не ни дадоа ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ. Изроди се оние кои се ситат, затоа што без тој датум ќе останеме, се она што го наведов назад во текстот. Но повеќе ме нервира личниот интерес на ВЛАСТА, која наместо ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВО, потенцирано илјада и еден пат од нашите европски пријатели воведоа приватни агенции за наплата на гревовите, наместо казната да ја наплати ДРЖАВАТА!!! СЈО!!! Нов бастион на УДБА кој ни потроши пари набројани, години плус од нашиот живот, во пакет со минативе децении. А за што? За ненајадената клапа сељачана да се најаде, облече , прошета по светов, да се курчи по ноќните локали, наместо да работат. Беа платени дебело да работат…2…3…5000 евра месечна плата во држава каде самохрани мајки тегнат крај со крај по шивачниците со 200…250 евра, можеби….Ако не треба и дел од тие да вратат кај својот газда (деспот). Инспекции нив не ги чешлаат!
Ја платиле политичката кампања, сите оние скапи билборди, флаери, ТВ спотови на оние кои ќе ги намирисаат дека ќе дојдат на власт, и потоа се мирни 4 години!
СЈО??? Добивте десетици илјади разговори кои судот ги уважи како докази!!!! Кого затворивте ??? Наместо апс и затвор од прв до последен, бомбите си ги користевте за да рекетирате, да се пазарите со оние кои требаше да ги судите! Правда не виде никој, Македонија доби затворена врата, а елитите ги боли стап!!! Тие во ваква држава можат да тераат уште 100 години! Дали можете вие, сиротињо, кои се ситите на рампава и се радувате на ветото? И понатаму ли сакате во вакво општество? Мислам дека е доста. Прстот на глава да се стави сега и конечно да се размисли, дали сакате вака, или поинаку? Македонија нема ни еден непријател надвор од нашите граници, поголем од непријателите во нашите граници, внатре во државава! Тоа се гнидите корумпирани! Не Грците, не Албанците, Не Бугарите, Не Србите, Не Макрон….Тие се овде…до нас!!!!
Сакаме ли еднаш за секогаш да ги тргнеме од нашите животи или ќе им дозволиме да упропастат уште 2…3 генераци, на дечиња кои уште не се родени? Ние имаме обврска да се бориме за тие, неродените деца! Ние сме веќе полу уништени и настрадани ! Вреди и да се изгине за тие ,за неродените дечиња….
Колумна на ПРИКАЗНИ ОД БУЛЕВАРОТ
Конзерватив МК (www.conservative.mk)