Економски коментари: економијата во пораст, регресот (К-15) амнестиран?!
19/01/2019 In Економија, Македонија Leave a comment
19/01/2019 In Економија, Македонија Leave a comment
Петар Колев, ГДУ – Граѓанско Демократска Унија: Економијата во пораст, регресот (К-15) амнестиран?!
Александар Богоевски, гглавен и одговорен уредник на Конзерватив МК: Илузија на економски раст?!
Петар Колев: Во неколку изјави премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев нѐ убедуваат дека имаме сериозен економски раст. Те бил 2,9 % те 3,8 %. За идната година амбициозно предвидуваат 4 па и 5 % економски раст. Ако тоа е така и нашава економија расте, стандардот се покачува, компаниите се во прекрасна кондиција, како одеднаш се појавија толку компании кои се на работ на пропаста или се во загуба и не можат да исплатат К-15 на работниците?
Или некој ги нарушува правилата и крие приходи или економијата ни е во тешка состојба. Некој манипулира со бројките за економски раст или законот важи само на хартија или пак нешто друго е во прашање?! Во секој случај, ова не звучи логично. Сметам дека соодветните институции ќе си ја завршат својата работа и ќе ја исполнат со содржина и конкретна реализација законската рамка. Се надевам дека Владата не размислува за амнестија и за ова прашање?!
Александар Богоевски: Така е. ИМФ (IMF) предвидува раст од околу 2.6% за 2019, веројатно предвидувајќи влез во НАТО и нормално запазувајќи на инфлацијата што ја имаме во Македонија, нашите тој фактор (инфлација) го одбегнуваат. Значи тие бројки од 4-5% се имагинација, како што и секогаш биле до сега…(види слика и инфографик)