Вирусот кој започна во Вухан, со брзина на светлината се прошири низ целиот свет. Од Вухан стигна до Иран, Италија, Шпанија, а сега изгледа дека кулминација ќе биде во САД. Овој вирус тесно е поврзан со економијата во светот. Според сите анализи ни се заканува економска криза поголема и од онаа во 2008.

За жал, овојпат последиците ќе бидат уште покатастрофални. Неделава, акциите на Wall Street драстично паднаа. Иако „Големата рецесија“ започна во декември 2007 година народот ги осети последиците во септември 2008. Значи, 10 месеци подоцна. Оттука, логично е дека во тие 10 месеци економијата функционирала врз база на залихи. Истото се случува и кај нас. Сега живееме од залихите, но вистинските последици ќе ги почувствуваме за неколку месеци.

Карактеристично е тоа што пред секоја економска криза, централните банки на државите ги продаваат резервите со злато. Така би имале повеќе пари во своите економии и би ја зајакнале валутата која се очекува да паѓа. Тоа се случува и сега. Централните банки на многу држави ги продадоа резервите со злато. Според тоа ни се заканува голема депресија, а коронавирусот е главен индикатор за тоа. Следува инфлација на многу валути, ако не и хиперинфлација…Нашите влади треба да постапат разумно. Да не се печатат пари т.н. “helicopter money”, со што ќе се удри по џебот на оние кои веќе штедат.

Имаме застој на целата трговија. Но, ова нема да удри по олигархијата. Економскиот товар од продолжената изолација ќе биде најголем за најранливите работници, оние кои живеат со пари од денес за утре. Тие немаат заштеди за да преживеат подолг период без работа и тие нема да стигнат до соодветна помош од државата или други извори. Практично, маалските сендвичари ќе престане да работи бидејќи нема многу капитал, но не и брендовите како Бургеркинг бидејќи се финансиски премоќни и намалениот профит нема да им смени во работата.

Многу луѓе ќе бидат отпуштени од работа, многу бизниси ќе пропаднат. Тоа ќе доведе до инфаркти, депресии, па дури и самоубиства. Како информација, кризата во 2008 натерала 10000 луѓе во САД да посегнат по својот живот. Значи, логично е дека повеќе луѓе ќе умрат од економските последици, отколку од самиот вирус. На крајот, најбитен е човечкиот живот. Еден загубен човечки живот е трагедија, а еден загубен милион (евра) е само статистика.

Ви посакувам добро здравје и паметно соочување со кризата која ни следува. Пишува: Боемот 2.0

Сподели: