Суверенисти и конзервативци Хрватска: Ружа Томашиќ ги поднесе листити за изборите во ЕУ!
10/04/2019 In Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
10/04/2019 In Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
Хрватските суверенисти во понеделникот, 8ми Април 2019 ја предадоа кандидатската листа за европските избори на Државната изборна комисија.
„Ја имаме најдобрата листа, ако ги погледнете имињата, ако погледнете што се правеле овие луѓе. Сакаме да работиме, да им покажеме на луѓето дека имаат за кого да гласаат“ – кажа носителката на листата на Хрватските суверенисти Ружа Томашиќ после предавањето на кандидатската листа и ги повика гласачите да излезат на изборите.
Хрватските суверенисти [кандидати на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа] се групирани околу партиите Храст, Хрватската Конзервативна Партија, ХСП-АС, Обединетите Хрватски Патриоти, а на листата се наоѓаат:
На прашањето на новинарите по што тоа се разликува листата на Хрватските суверенисти од останатите, Ружа Томашиќ изјави дека секогаш вели „гледајте што политичарите прават, немојте да слушате што зборат“.
„Ако погледнете што се сме направиле во своите животи, и приватно и професионално, ќе видите дека сме најдобрата листо. Правиме се што говориме и стоиме позади тоа“, изјави Ружа Томашиќ.
Одговарајќи на прашањето по што се разликуваат Суверенистите од партијата Независни за Хрватска Томажиќ изјави дека „овде не се работи за избори за Хрватскиот Сабор, каде што тие се пратеници, туку за избори за Европскиот парламент каде што јас сум пратеник и каде што со својата работа покажав како се бори за хрватските национални интереси. Тие таму не биле, јас сум била и тоа е разликата“ нагласи Томашиќ.
Потпретседателката на ACRE Women движењето не се плаши дека заедничкото избирачко тело на Суверенистите и Незавнисните за Хрватска ќе се расцепка. Се надева дека граѓаните, кои до сега останувале дома, изјавувајќи дека немаат за кого да гласаат, ќе излезат овој пат на изборите и дека Суверенистите ќе добијат многу повеќе гласови бидејќи станува збор за синергија на група партии. Ружа Томашиќ додаде и дека Суверенистите конечно се консолидирале. „Одиме заедно на изборите, тоа е тоа што гласачите го бараа и сега имаат за кого да гласаат“ изјави Томашиќ.