Македонските конзервативци во Брисел: На 10 години од основањето на тинк-тенкот на Маргарет Тачер
04/07/2019 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
04/07/2019 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам Leave a comment
Делегати на политичката организација Конзерватив МК беа поканети да учествуваат на 10 години од формирање на водечкиот европски тинк-тенк Нов правец (New Direction). Нов правец е основан од челичната лејди Маргарет Тачер, а моментално има свои седишта во Лондон, Брисел, Варшава и Рим. Овој тинк-тенк се води како официјален партнер на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа како и на нивната парламентарна група во Европскиот парламент ЕКР.
Вечерата ја отвори познатиот филозоф и пријател на Џордан Питерсон, Сир Роџер Скуртон, кој важи за еден од најголемите зелени конзервативци, односно енвиронменталисти.
Исто така, говори држеа и лидерот на ЕКР групата и претседателот на тинк-тенкот нов правец, Томас Пореба, кој е исто така член на полската партија „Права и правдина“.
Делегати од Конзерватив МК беа Стефан Василевски, Управител на Конзерватив МК, и Александар Богоевски, Претседател на Конзерватив МК. Главна слика: Стефан, Александар и Лукас – еден од основачите на најголемото студентско политичко движење во светот, Students for Liberty и дел од Independence Party Iceland, членка на АКРЕ и најголема политичка партија во Исланд.