Зголемување на капацитетот на младите во политиката
10/06/2021 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
10/06/2021 In Conservative.MK, Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
Како КОНЗЕРВАТИВ МК сме соработувале со повеќе од 5 политички подмладоци од десниот сектор. Како со тие од моменталната владина коалиција (ВМРО-НП и Обединети за Македонија), така и од опозицискиот сектор како МААК, ГДУ и најголемата ВМРО-ДПМНЕ.
Како дел од граѓанскиот сектор, ние не сме „неопределени“ туку сме определени во центар-десно, но сепак делуваме независно промовирајќи конзерватизам, класичен либерализам, граѓански патриотизам и заложби за здрава животна средина.
Веруваме дека на Македонија и е потребна силна и обединета десница врз база на проекти, натпревар на идеи, зголемена партиципација на младите во креирање на програмите, намалена поларизација и слично. Заедно со подмладокот на политичките партии, граѓанскиот сектор и здруженија (меѓу кои од десниот политички блок и КОНЗЕРВАТИВ МК), се разговараше но и потпиша конкретна декларација со цел:
Настанот беше проследен и со конкретна акција (декларација) која треба да донесе и конкретни решенија во иднина. Во таа насока, ќе следат неколку други настани. Благодарност до организаторите од EDYN – European Democracy Youth Network за поканата.