Голема победа на полската владејачка конзервативна партија на последните локални избори
25/10/2018 In Европа и светот Leave a comment
25/10/2018 In Европа и светот Leave a comment
Полската конзервативна партија Право и правда [Law and Justice (PiS)], член на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа се здоби со голема предност на изборите за регионални собранија.
Како што известуваат медиумите, оваа партија освоила најмногу гласови, односно 33 проценти од вкупните гласови на изборите кои што се одржаа во неделата.
Официјалните изборни резултати ќе бидат објавени во наредните денови, но првичните резултати откриваат дека Право и правда освоила 32.3 проценти од гласовите.
Втора е Граѓанската коалиција, сојуз помеѓу Граѓанската платформа [Civic Platform] и партијата Новоцесна [Nowoczesna], којшто добија 24.7 проценти, а на трето место е полската народна партија [Polish People’s Party], со освоени 16.6 проценти.
Партијата Право и правда е владејачка партија во Полска којашто дојде на власт после парламентарните избори во 2015 година. Оваа партија е позната по својата традиционална конзервативна политика и е еден од носителите на конзерватизмот во источниот блок на Европа.
Идеолошкиот и аналитички центар [политичка организација] Conservative.mk, работи во партнерство со Алијансата на конзервативци и реформисти и сите политички партии кои се членови на истата.