BLOOMBERG: Економски индикатор преку здравство: Пад од 12 места на светскиот индекс за здрави нации.

За само 2 години, Македонија последна во регионот и сите екс-Ју републики вклучувајќи ја и Албанија!

Познатиот светски медиум Bloomberg е познат по објавување на анализи наречени светски индекс како што се Bloomberg Billionaires index – ранк на дневна база на најбогатите луѓе во светот, World Stock Indexes, Bloomberg Happiness Index – ранк на држави каде што живеат најсреќни луѓе односно каде луѓето се најзадоволни од животот, како и многу други параметри за државите. Исто така, еден од најпознатите анализи (индекси) на Блумберг е Светскиот индекс и параметар за најздрави нации, Bloomberg Healthiest Country Index.

Македонија последна во регионот!

Пад од цели 12 места од 2017та година е доказ дека македонското здравство, но и економија, не функционираат. За разлика од сите екс-ју Републики кои во последните две години покажуваат раст на ранкот на Блумберг, Македонија е во пад за 12 места. Албанија е земена како сосед и држава која е во голема политичка криза, а сепак не стагнира како Македонија. Единствениот позитивен заклучок кој може да се извлече е дека сеуште сме наведени како Македонија, а не Северна.

Здравјето на граѓаните е еден од клучните параметри кој инвеститорите го разгледуваат пред да одлучат да отворат компанија во една земја. Имено, големите инвеститори пред да инвестираат во една земја, прво ја гледаат стапката на мртвотодени деца. Доколку оваа стапка е висока, значи дека во земјата економската состојба е премногу нестабилна за да се инвестира.

Податоците на Блумберг за здрава нација се индиректен показател за лошата економска состојба на државата!

Како Блумберг доаѓа до податокот за мерење на квалитетот на здравството, здравствените услуги и степенот на здравје на нацијата, е претставено на наведениот график (види подоле). Изворите за податоци кои ги користи Блумберг се: податоци од Светска Банка, Обединети Нации – дивизија за популација како и Светска здравствена организација (здравствено-медицински податоци).   

За секој држава се пресметува пред се Health Score и Health Risk Penalties, а потоа со калкулација се мери целовкупната оценка односно Health Grade.

Се пресметува по следната формула: Health Grade = Health Score (A) – Health Risk Penalties (B). Македонија е падната за 5 оценки на целовкупниот Health Grade (здравствена оценка) за само 2 години.

Како се пресметува Health Score (А)? Се собираат податоци од:

1.Смртност според преносливи, непреносливи болести како и повреди.

2.Податоци за животниот век на луѓето.

3.Податоци за здравствената состојба при неонатален период, младост, адолесцентност и пензија.

Како се пресметуваат Health Risk Penalties (B)? Се собираат податоци од:

1.Ендогени фактори и фактори кои зависат од однесувањето (Behavioral/endogenous factors) како што се инциденца на популацијата за зголемен крвен притисок, шеќер, холестерол, обезност кај популацијата, конзумација на алкохол и цигари, физичка неактивност, малнутриција кај деца, како и состојбата на менталното здравје.

2.Екологија/Животна средина: податоци за достапност на граѓаните до чиста вода, чист воздух, здрава животна средина, безбедна вода, итн.

Со податоци од Светска банка се одредуваат и економските параметри на државите бидејќи тие влијаат врз скоро сите од горенаведените фактори при мерење на индексите за Health Score & Health Risk Penalties.    

Уште еден доказ дека граѓаните на Македонија не гледаат просперитет во нашата држава, а кој е директно поврзан со параметар од здравството на кој исто така влијае економската ситуација е бројот на новородени: Никогаш помалку родени Македоници во историјата! – Погледнете ја оваа анализата на Лидер МК & Конзерватив МК направена минатиот месец.

Анализата ја изработи Стефан Василевски, дипломиран доктор по општа медицина и управител на Конзерватив МК заедно со Марио Милчевски, главен и одговорен уредник на порталот Поглед.мк.

Сподели: