Кларенс Дароу: Вистинските патриоти се непријатели на неправдата!
08/08/2019 In Uncategorized Leave a comment
08/08/2019 In Uncategorized Leave a comment
За да имаме успешна економија и раст на животниот стандард најважните компоненти се: претприемништвото, правото, правата на сопственост, слободниот пазар и глобализацијата.
По изминативе настани можеме да заклучиме дека правото е една од најслабите алки во нашата држава. Треба да се запрашаме, дали во Македонија правото му служи да ги заштитува сите граѓани или само одредена структура?
Со слабо право, последователно е да имаме и слаба економија, бидејќи како преприемач би отворил свој бизнис ако законите му наштетуваат или не му се загарантирани правата на сопственост? Така се губи претприемачкиот дух, младите преферираат работа во државна администрација, а со тоа економскиот раст и животниот стандард стагнираат. Реформите во правото се итни и неизбежни, одговорност мора да има и правдата мора да биде еднаква за сите!
За крај, би го цитирал еден од најголемите адвокати во американската историја Кларенс Дароу кој вели дека не може да сте вистински патриот а да не ја мразите неправдата – “True patriotism hates injustice in its own land more than anywhere else”.
Политички коментар на Петар Спасовски, уредник на Конзерватив МК и дел од младите македонски конзервативци.