Факт е дека социјалните мрежи веќе подолго време ѝ служат на левицата и замолкнато е конзервативното мислење. Дури и самиот Марк Цукенберг го призна ова на неговото судење пред неколку месеци. Некогаш ми се смеевте кога ви кажував дека десната мисла е замолкната, но денес се‘ излегува на виделина.

Познатиот инстаграмџија @BOEMOT за Конзерватив: Трамп им објави „војна“ на социјалните мрежи. Мангупски потег на Трамп. Браво!

Откако Твитер почна да прави фактографски проверки и да става сини прашалници пред постовите на Доналд Трамп (конкретно, последниов околу гласањето преку пошта) Трамп им се закани на социјалните мрежи.
„Републиканците чувствуваат дека платформите на социјалните медиуми целосно ги замолкнуваат конзервативните гласови. Ние остро ќе ги регулираме, или попрво ќе ги затвориме, одошто да дозволиме ова да се случува“, изјави Доналд Трамп.

Денеска, пред помалку од еден час Трамп им објави „војна“ на социјалните мрежи. Претседателот на САД вечерва потпиша извршна одлука со која бара да им се одземе правниот имунитет на социјалните мрежни гиганти како Фејсбук и Твитер за содржината која ја објавуваат.

Левите, неолибералите се многу нежни. Доколку кажете аргументирано мислење спротивно на нивното одма ви ставаат етикети, дека сте фашисти и затуцани шовинисти. Доколку тоа не им успее масовно апелираат за репорти. Пред неколку недели го исхејтав подкастот за Берни Сандерс, профилот на боемот се ширеше по групи за да добие репорти. Веќе тоа нема да ви поминува другари. Доста ни е. Редно време е социјалните мрежи да станат неутрални платформи кадешто нема да биде цензурирана едната страна. Мангупски потег на Трамп! Браво!

P.s. Ние, Македонците, сме опасна машинерија по социјалниве мрежи, ноќна мора за либералите низ светот. Имаше едни дечки од Велес кои во 2016 направија цел свет да дознае за Македонија…..
Автор: Боемот 2.0 #KAG #MAGA
Instagram: @boemot

Сподели: