Странските Директни инвестиции (СДИ), играат голема улога во меѓународната економија а се битни особено за државите во развој. Домашните компании, може многу позитивно да ги искористат странските компании за поврзување и вмрежување со цел подигање на производните капацитети, ефективноста и конкурентноста и ќе бидат во состојба да бидат нивни добавувачи или купувачи. Покрај ова, СДИ влијаат и врз зголемувањето на конкуренцијата за човековиот капитал, а со тоа вршат притисок за зголемување на платите.

На глобално ниво во 2020 година беше забележан пад на СДИ во вредност од 35%. Најмал пад на странските инвестиции имало во Азија и стапката изнесувала 4%. Соединетите Американски Држави забележаа пад од 40% додека пак најголем пад е евидентиран во Европската Унија и тој изнесувал 80%. Овие економски шокови се како последица на светската пандемија проекциите за за 2021 година се пооптимистични, и се очекува нивен раст од 10% до 15%.

Инфографик: СДИ во земјите од регионот за 2020 година

За минатата година според УНКТАД, Србија привлекла најмногу, и тоа во вредност од 3,44 милијарди долари. Хрватска за 2020 успеала да привлече 1,3 милијарди долари а по неа следат Албанија која за истиот период имала 1,1 милијарди. Црна Гора забележала СДИ во вредност од 529 милиони долари, додека пак Босна и Херцеговина остварила 371 милион долари. За жал Македонија успеала лани да привлече најмалку странски директни инвестиции и тие изнесувале 274 милиони долари. Кон септември месец идеолошкиот и аналитички центар ќе ја публикува целосната студија за Странските Директни Инвестиции. Сакате да учествувате со нас? Пријавете интерес на conservativesmk@gmail.com

Извор: United Nation Conference on trade and development

Пишува: Давид Салтамарски, политички директор на КОНЗЕРВАТИВ МК.

Сподели: