На кому му се брза донесувањето на законот на јавно обвинителство? Ова е прашањето кое си го поставува секој граѓанин во Македонија. Ајде аргументирано да му пристапиме на ова прашање. Секоја власт сака да ја контролира работата на судовите со цел да избегне прогон од истите. Знаејќи дека оваа власт е длабоко умешана во криминал, рекет и изнуда, а тоа истото подлежи на кривичен прогон и знаејки дека ги губи изборите, брза да се донесе законот. Закон кој ќе овозможи обвинител кој ќе го постави оваа криминална структура и со тоа ќе се заштити од прогон.

Низ медиумите ја туркаат тезата дека опозицијата бара по нејзин предлог да биде поставен првиот човек на обвинителството затоа што знаела опозицијата дека ќе ги изгуби изборите „ајде мајката“. Ако сега се донесе законот, предлогот ќе биде на сегашната опозиција со што де факто значи обвиненија против сите дела на кои замижува ова обвинителство. Истовремено ќе значи и крај на некои политички кариери и долги години затвор за некои денешни фукционери. Притоа, пред изборните пропагандни новинари и медиуми во служба на рекетот и криминалот на власта и при недостаток на аргументи, одма го активираат центарот за пропаганда, а истиот тој центар секое опозиционо делување го поврзува со Груевски и барање оградување од него. Оградување од истиот оној кој тие го пуштија да избега, а во платонска љубов се со неговиот братучет „началникот“.

Сега јас ја повикувам владеачката структура да се огради од Бранко Црвенковски, човек кој 300.000 луѓе остави без работа, ја спроведе криминалната приватизација, човек кој преку државните служби вршеше прогон на политичките неистомисленици и човекот кој ја зацрни Македонија. Кога барате некој да се оградува од некоја личност кој сторила нешто што не ви се допаѓа, погледнете во сопствениот двор и истиот очистете го па тек после солете памет за комшискиот. Рака на срце, вашиот е со многу повеќе хипотеки и валканици.

Политичка колумна на Михаил Новковски – млад политичар, дел од Конзерватив МК и македонската конзервативна партија МААК.

Сподели: