Back to all cases

Retune The EU: Alliance of Conservatives and Reformists in Europe

Алијансата на конзервативци и реформисти – АКРЕ [www.acreurope.eu] преку својата парламентарна група во европскиот парламент, Европските конзервативци и реформисти [www.ecrgroup.eu], ја започнува кампањата за изборите во 2019та година.

„Во мај 2019 година, од гласачите на Европа ќе биде побарано да одберат каква иднина сакаат, вклучувајќи ја економската перспектива на ЕУ, но и каква Европската унија сакаат за себе. Иднината на ЕУ не смее да се толкува како бинарен избор помеѓу било целосно федерализирана ЕУ или воопшто да нема ЕУ. Постои трета опција и подобар пат напред. Затоа стојам како кандидат на АКРЕ [ACRE] за претседател на Европската комисија.“ – вели Јан Захрадил [Jan Zahradil]

Во Европскиот парламент, возможно е пост-изборно групирање на повеќе политички групации во една. Алијансата на конзервативци и реформисти е моментално во преговори со голем дел од центар-десно и центар групациите како зелените и либералите, но и со дел од силната десница во Европа. Сеуште не информираат со кого се’ се водат преговори, но најавуваат дека има можност и да формираат втора најголема групација во Европскиот парламент.

Следете ја целата кампања, интервјуа и дебати на Јан Захрадил, кандидатот за претседател на Европската комисија на Алијансата на конзервативци и реформисти со кликнување тука.  

Моментално, групацијата Европски конзервативци и реформисти се трета најголема групација во Европа. Тие се дел од светската коалиција на Алијансата на конзервативци и реформисти, каде што членуваат и републиканската партија на САД, конзервативците од Канада, ЛИКУД – Либералната партија на Израел, Либералната партија во Австралија и многу други членки од Европа, Азија, Африка и Централна и Јужна Америка. АКРЕ е во постојана соработка и со Интернационалната демократска унија, ИДУ [IDU], каде што повеќето од раководителите на оваа најголема во свет центар-десно политичка коалиција се токму политичари кои се предводници на Алијансата на конзервативци и реформисти и политичките партии кои припаѓаат во ова центар-десно семејство кое се залага за конзерватизам и класичен либерализам и сите слични идеологии како енвиронментализам, национализам и други.

Сподели: