Без национален сувернитет ќе се вратиме во средниот век

Серии на крвави конфликти се случиле низ Западна Европа помеѓу 1500 и 1650 година. Англија се соочуваше со различни граѓански војни, што доведе до тиранско владеење на Оливер Кромвел, Франција претрпе илјадници масакри, егзодус на прогонетите протестанти и убиството на францускиот крал Анри IV во 1610 година. Холандија се вплеткала во Осумдесетгодишната војна со Шпанија, додека конфликтите во Германија кулминираа со Триесетгодишната војна, при што се проценува дека една третина од нејзиното население загинале.

Продолженото крвопролевање било резултат на преклопувачките, конфликтни јурисдикции кои биле карактеристични за средниот век и кои станале неиздржливи во современиот свет. Кралевите и благородниците живееле во состојба на постојана конкуренција околу тоа кој ќе ја поседува моќта за донесување одлуки. Црковните и световните владетели постојано спореле за тоа кој треба да го има последниот збор.

THE CONTINUED BLOODSHED WAS THE RESULT OF THE OVERLAPPING, CONFLICTING JURISDICTIONS WHICH HAD BEEN A CHARACTERISTIC FEATURE OF THE MIDDLE AGES, AND WHICH HAD BECOME UNTENABLE IN THE MODERN WORLD.

Значаен број католички верници го доведувале во прашање авторитетот на секуларните владетели. Независните градови, провинции и поседи исто така почнале да се натпреваруваат еден со друг. Благородниците биле подложни на исти правила како студентите, земјоделците или членовите на еснафите. Политичката структура се преклопувала и била многу слоевита. Ниту една институција го немала последениот збор.

Од Жан Боден во Франција до Јоханес Алтузиус во Германија, од Хиг де Грот во Холандија до Томас Хобс во Англија, мислителите во секоја европска земја дошле до заклучок дека единствениот начин да се стави крај на бескрајната војна е да се воспостави централизирана, територијална јурисдикција. Ова го означува преминот од средниот век до модерниот свет.

Една организација беше назначена со овластување за одржување на редот во јасно определена област. Од населението ќе биде побарано да се заложи за послушност кон таа моќ. Религиозните, регионалните или класните врски требаше да станат потчинети на лојалноста која сите мораа да ја имаат кон државата.

Така мирот беше конечно вратен во Европа во текот на 17 и 18 век. Континентот просперираше и потоа следеше просветителството и демократските револуции. Војните станаа порационални и поограничени по обем — со исклучок на војните што произлегоа од обновените амбиции за воспоставување на империјална власт на континентот, како што се случи под Наполеон, Вилхелм II, Мусолини и Хитлер.

По Втората светска војна, националниот суверенитет беше повторно воспоставен откако катастрофалните последици од амбициозните планови за обединување на Европа, уште еднаш, станаа јасни. Чудно, но идејата дека суверената држава веќе не е одржлива коегзистираше со ова сознание. Ставот што може да се опише само како оикофобија стана катализатор за подмолно разградување на државата.

„Многу е посуштински проблемот од самата разлика помеѓу оние кои го сакаат својот дом, својата нација, својата историја, својата заедница и оние кои се чувствуваат непријатно поради овие особености и инстинктивно работат на нивното уништување.“

Нивните агенти беа наднационални институции како што се Европската унија, Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Светската трговска организација и Меѓународниот суд на правдата, како и систематско разводнување на хомогеното население преку бранови на масовна имиграција, отворени граници и мултикултурализам. Меѓународниот „стил“ на безлични, модернистички згради и апстрактна, бесмислена „уметност“ продолжува да го уништува чувството на припадност на луѓето, додека многу стари градови на континентот ја изгубија својата убавина и нивната способност да понудат чувство на дом.

Моето гледиште е дека целата политика што е резултат на оикофобијата на нашите елити, во крајна линија, претставува еден вид на враќање во средниот век. Се создаваат и култивираат нови преклопни јурисдикции. Се создаде ново општество базирано на класа. Квази-наследната аристократија се врати во ликот на космополитски елити, „високо образовани“ (како што се нарекуваат себеси), кои се венчаат помеѓу себе, работат на меѓународно ниво и кои ги исклучуваат новите слуги наречени „недостојни“ и работниците мигранти — преку стил на суптилни изрази и шупливи апели за „толеранција“. Империјалната власт што некогаш владеела низ цела Европа се врати во форма на империјални декрети издадени од Брисел. Папската власт се врати преку „универзалниот“ суд за човекови права и „универзалниот“ кривичен суд. Универзален стана буквален превод на „католички“ .

Мојата критика на ваквиот развој на настаните се простира понатаму од прашањето за вкус. Многу е посуштински проблемот од самата разлика помеѓу оние кои го сакаат својот дом, својата нација, својата историја, својата заедница и оние кои се чувствуваат непријатно поради овие особености и инстинктивно работат на нивното уништување. За средновековниот поредок на преклопувачките јурисдикции и спротивставените лојалности, бездомниот поредок кому сега му се враќаме, не може да се помири со демократското владеење на правото.

Демократијата бара суверен парламент кој одлучува за прашањата за војна и мир, за начинот на кој ќе се трошат парите и за имиграцијата. Големите престолнини на европските земји ги загубија практично сите свои надлежности за донесување одлуки во тие клучни области на политиката. Во меѓувреме, невозможно е Европскиот парламент да биде демократски, бидејќи нема европска нација т.е. народ.

Како резултат на тоа, мнозинските одлуки не се доживуваат како да се носат во наше име и не се сметаат за легитимни. Не постои европско „ние“ и нема европска јавна дебата. Никој не се чувствува поврзан со избалансираното гласање на Полјаците, Бугарите, Естонците, Германците, Французите, Шпанците, итн.

Ниту пак, владеењето на правото може да постои на постнационално или европско ниво. Отсуството на заеднички, национален идентитет неизбежно води кон бесконечна конфузија околу тоа како треба да се толкува законот. И за тоа кој морал важи и која култура треба да го преземе водството. Освен тоа, за нивните одлуки да се сметаат за авторитативни, судиите мора да се потпрат врз заедничка идеја за легитимитет, а за да може да го сторат тоа, ќе треба да се сметаат за дел од истата „заедница“.

Империјалната власт што некогаш владеела низ цела Европа се враќа во форма на империјалните декрети  издадени од Брисел.

Кој ќе ги прифати нивните одлуки, ако тоа не е така? Заедничкиот легитимитет недостасува на континентално ниво. Затоа Европскиот суд за човекови права предизвикува таква бура од критики кога ги игнорира националните преференции. Исто така, ние гледаме зголемен повик за потреба од судови за шеријатско право со свои исламски судии во предградијата на големите градови.

Дојдовме до одлучувачки момент во нашата историја. Дали ќе продолжиме по овој пат кон нов среден век? Социјалните немири во земјите од европскиот југ и тензиите меѓу космополитските елити и обичните луѓе ќе се зголемат. Како што се обликува новото општество базирано на класа, демократското владеење на правото доаѓа до својот крај. Како резултат на модернизмот во уметноста, луѓето ќе продолжат да се чувствуваат сè повеќе и повеќе искоренети, бидејќи го губат чувството за врска со околината. Духовно искорнати и без збор во политиката: тоа е нашата иднина, освен ако не го запреме нападот врз националната држава.

Conservative.mk во партнерство со Алијансата на Конзервативци и Реформисти на Европа (ACRE), има дозвола за користење, превод и споделување на информациите од списанието The Conservative Online. Прочитајте ги правилата и прописите за користење на информации од The Conservative Online како и New Direction – a foundation for European reform.

Текстот го изработи: Јована Спасeвска
The Conservative Online

WITHOUT NATIONAL SOVEREIGNTY, WE’D BE BACK IN THE MIDDLE AGE
by Thierry Baudet, a Dutch politician, jurist, columnist and historian who founded and leads the political party Forum for Democracy. He was elected as Member of the House of Representatives in the 2017 General Elections.

REPRODUCTION RIGHTS: All content and materials of The Conservative are copyrighted, unless otherwise stated.
DISCLAIMER: ACRE is a Belgian ASBL/VZW No: 0820.208.739, recognized and partially funded by the European Parliament. Its views are not reflected by the European Parliament. The views and opinions expressed in the publication are solely those of individual authors and should not be regarded as reflecting any official opinion or position of the Alliance of Conservatives and Reformists in Europe, its leadership, members or staff, or of the European Parliament.

Сподели: