Во општество каде повеќето политички партии немаат или не ја почутуваат идеологијата и правецот кој го „следат“, во време кога нема одговорни политичари кој интересите на државата ќе ги стават пред личните како и во време на луѓе со големи суети, потребно е дејствување преку матрица на современиот национализам.

Во политичката статија „Македонскиот национализам“, Крсте Петков Мисирков вели:

„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не’ прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се’ само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.“ Преземена од „Мир“ XXXI, 7417, Софија, 12.3.1925, 1. , наречена„Македонскиот национализам“. 

Зошто на македонската политичка сцена е потребно делување во правецот на современот национализам?

Национализмот претставува чуство каде нацијата е врховното начело. Но, секоја таква идеја не е совршена доколку не се негува и подобрува постојано. Додека нашите предци и предводници на овој идеал во минатиот век се бореле за создавање своја држава, денешните предводници треба да се борат за подобрување и на идеалот и на самата свест на нацијата. Предуслов за силен и квалитетен извор на национализам се луѓе со интегритет и без зли намери.

Конзерватизмот е идеологија која гледа на национализмот како потребен идеал за постигнување на силна и самоодржлива нација, и само на тој начин да стане рамноправна на сите други ширум светот.

Време е за обединување и промоција на конзерватизмот во Македонија бидејќи љубовта кон своето е примарен двигател и составен дел од неговите вредности. Малкумина знаат за оваа идеологија но, по мое мислење, е круцијална за спас на ова канцерогено општество, полно со безрбетници кои се хранат од метастазите на истото. Од нас зависи дали и понатаму ќе дозволуваме нашето општество да биде предводено од луѓе кои не ја љубат, ниту државата ниту својот народ.

Од нас зависи дали ќе дозволиме и понатаму за некого општество да биде храна преку која ќе го разградуваат и уништуваат или ќе се обидеме да го излечиме нашето општество со што ќе им го скратиме оброкот и полека но сигурно ќе го издигнеме на нозе каде истите кои сакаат да се разгради ќе ги снема.

Михаил Новковски
Претседател на Обединета младина за Македонија  
FRONT.mk – партнер организација на идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК
Сподели: