The Conservative Online: Нов модел предвидува како светските залихи на храна би можеле да се променат поради климатските промени.

Дебата за климатските промени, како и многу други дебати, често се поларизира околу два екстрема. 1) Станува збор за настан кој што ќе доведе до изумирање – кое што изгледа како да е гледиштето на голем дел од научниците или 2) станува збор за некаков вид на добро обмислена измама и најверојатно пласирана од Кина.

Со оглед на тоа што најверојатно температурите ќе пораснат во иднина, делува логично за креаторите на политиките, бизнисите и сите останати, да пробаат да предвидат како би изгледала иднината и да планираат за тоа што би следело, наместо само да кукаат и да велат како е тоа големата катастрофа на оваа генерација и да се надеваат на најдоброто.
Токму поради тоа, освежувачки е да прочитаме едно академско истражување кое ќе проба да го моделира тоа што би можело да се случи доколку температурите пораснат, а не само да прогласува катастрофа.

Економистите Кристоф Гуел и Давид Лаборд истражиле каде различните видови на жетви се произведуваат и пробаа да откријат колку нивниот принос и дистрибуција би се промениле доколку глобалните температури пораснат на начин на којшто најголем дел од научниците предвидуваат. Како што тие забележиле, прилагодувањето на начинот на кој што храната се произведува и се извезува би требало да е во најголем дел во доменот на приватните компании, што значи дека тоа би било полесно да се имплементира отколку разните меѓународни договори за намалување на емисиите. Тие велат:

„Прилагодувањето под покровителство на пазарната економија ќе дојде поради фактот што сопствениците на земјиштата ќе ги променат локациите на земјата каде произведуваат и не само поради смените во новите потенцијални приноси, но исто така и поради променетите цени со новата клима, коишто ќе се адаптираат на побарувачката, понудата и трговијата.“ 

Имајќи го тоа на ум, тие сметаат дека е апсолутно круцијално трговските текови во иднина да останат што е можно послободни. Сепак, сликата е многу поразлична во зависност каде живеете. Високите температуре би промениле каде бербите би станеле неодржливи, но во исто време, тие би овозможиле произбодството на храна да биде на други места, па така Индија, Виетнам и Тајланд би можеле да произведуваат помалку ориз, но во замена би можеле да очекуваме Кина, Кореја и Јапонија да произведуваат повеќе.

За нето извозниците на храна, потенцијалното намалување на вкупната понуда на храна во светот би значело повисоки цени за нивните производи. Поради тоа, луѓето во Азија, Европа, Блискиот Исток и Северна Африка би плаќале повеќе за својата храна.

Тоа може да звучи навистина катастрофално, но исто така треба да имаме на ум дека во наредните децении технологијата со сигурност ќе се промени и цената на други секојдневни работи би се намалила, па така зголемената цена на храната нема да биде толку катастрофална како што некои очекуваат и се плашат. Моделот на Гуел и Лаборд сугерира дека клучот за прилагодувањето ќе биде во растењето на различни видови растенија, а уште поважно дозволување на меѓународниот трговски систем да се прилагоди на новите шеми на купување и продавање.

Како што самите автори предупредуваат: „Промените во производството на храна и самата адаптација на тие промени би можеле да предизвикаат некооперативни трговски политики од страна на политичарите за да се спротивстават на овие тешки промени. Доколку тие политики спречат трговско прилагодување како метод за адаптација, благосостојбата кај луѓето со голема сигурност ќе биде намалена на долг рок.“

Статија објавена за списанието на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа и светот, Д Конзерватив Онлајн (The Conservative Online). Автор: Џон Ашмор, уредник на CapX [CapX brings you the best writing on politics, economics, markets and ideas].

ЗАБЕЛЕШКА:

Conservative.mk во партнерство со Алијансата на Конзервативци и Реформисти на Европа (ACRE), има дозвола за користење, превод и споделување на информациите од списанието The Conservative Online. Прочитајте ги правилата и прописите за користење на информации од The Conservative Online како и New Direction – a foundation for European reform.

The Conservative Online
REPRODUCTION RIGHTS: All content and materials of The Conservative are copyrighted, unless otherwise stated.

DISCLAIMER: ACRE is a Belgian ASBL/VZW No: 0820.208.739, recognized and partially funded by the European Parliament. Its views are not reflected by the European Parliament. The views and opinions expressed in the publication are solely those of individual authors and should not be regarded as reflecting any official opinion or position of the Alliance of Conservatives and Reformists in Europe, its leadership, members or staff, or of the European Parliament.

Сподели: