Како да бидеш конзервативец во време на глобализација?
12/02/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
12/02/2020 In Conservative.MK, Европа и светот, Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
Еден од најголемите предизвици на модерниот десничар во Европа и западниот развиен Свет е адаптацијата кон процесот на глобализација. Живееме во век каде што технологијата, науката, протокот на информации и секоја друга општествена сфера се движат со брзина на светлината. Оттука, сосема е легитимно да си го поставиме прашањето: Како да бидеме десничари во време на акцелерација и глобализација?
Пишува за ЛИДЕР.мк: Стефан ВАСИЛЕВСКИ, извршен директор на Кознерватив МК / Conservative.mk
Поглед кон либерализмот
Историски и идеолошки гледано, класичните либерали се многу поблиску до десницата. Тие се капиталисти кои се залагаат за либерална економија, слободен пазар, противници се на прогресивниот данок и акцентот го ставаат врз индивидуата наместо државата. Десничарите уште од времето на Адам Смит се со либерален поглед кон светот односно се залагаат за отворени граници за размена на стока и трговија, како и слободно патување на индивидуата. Сепак, отварајќи ја оваа тема треба да се внимава бидејќи модерниот либерализам (неолиберализам) е во судир со нас десничарите. Нашата политика треба да се базира на либерализација на општеството истовремено запазувајќи го националниот идентитет, контролираната миграција преку сигурни граници и суверенитетот на државата.
Центар-десно политичките сили во Македонија треба да се адаптираат кон:
• Дополнителна либерализација на економијата
• Дигитализација на општеството
• Либерализација од административни непотребни процеси како на пример во образовниот процес (нешто што е во најава)
• Работа во насока на нови трговски договори
Фокусот на конзервативците и столбот на македонската десница ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде во потпишување на нови трговски договори со акцент на Канада и САД. Имаме силни дијаспорни мрежи кои се темел на македонизмот и со нив треба постојано да се соработува во оваа насока.
Здрава животна средина или таканаречениот енвиронментализам (environmentalism) не е идеологија туку заложба. Тука лежи главната разлика помеѓу нас конзервативците и левицата. Левичарите ја гледаат природата како идеологија, како нешто „свето“ кое не треба да се допира, а човекот како паразит. Ја користат природата како манипулација за политичко-партиски популизам. Ние десничарите веруваме дека природата може да се искористува доколку за истата соодветно се компензира. Токму затоа, сечењето на неколку дрва во центарот на градот не треба да е причина за „неутрален“ протест, особено доколку за истите соодветно се компензира. Не треба ниту смее да има простор за политички манипулации на вакви теми.
Сепак, наместо да ја оставаме оваа тема на левицата, треба сериозно да работиме преку здравството и идеолошкиот аспект на капитализмот, либералната економија и приватната сопственост кон подобрување на еколошката состојба. Исто така, потребно е да се користат граѓански здруженија и невладин сектор за неформално образование и кревање на свесноста за истата. Да докажеме дека само слободното претприемништо и приватна сопственост на природата наложува нејзина нега и чување. Државната регулатива врз природата е докажана дека не функционира, бар не во пост-социјалистичките републики како што сме и ние.
Концепт на граѓански национализам vs етнички национализам
Национализмот е идеологија која ја подржувам и во овие моменти е потребна да се возобнови. Надминувањето на старите форми на национализам и адаптација кон национализмот на модерна Европа, пример на Унгарија и Полска, е иднината за Македонија. Тој модерен и современ национализам кој најдобро може да го забележиме во Британија, САД и кај В4 групата на држави е токму граѓанскиот национализам. Во таа насока се движи и дел од концептот на Обнова на Македонија преку цитат од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои вели: “Не ни треба антиквизација, ниту севернизација, нас ни треба македонизам!”. Матаматички прецизна изјава како што и тој самиот би рекол.
За крај, еден концепт како Обнова на Македонија треба да обединува. Од политички партии, до граѓански платформи, до иницијативи, индивидуи и останато. Се што е во доменот на центар, центар-десно и силно десно. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да се однесува како “Big-tent” или “Catch-All” партија која во дефиниција би било „Широк спектар на политичко дејство, од либерали, екологисти и прогресивни ткива, се до демо-христијани, конзервативци и националисти“.