Иднината на конзервативците
10/11/2019 In Conservative.MK, Европа и светот, Екологија, Конзерватизам Leave a comment
10/11/2019 In Conservative.MK, Европа и светот, Екологија, Конзерватизам Leave a comment
Европскиот конзерватизам треба да го реформира својот идентитет. Во време на акцелерација и глобализација, конзервативците се наоѓаат пред голем предизвик. Се повеќе теми како енвиронментализам, либерализација и неизбежните глобални промени паѓаат во рацете на политичари и креатори на политики кои доаѓаат од левиот спектар. Ова не само што е погрешно туку и опасно.
Во овој момент, светските и европски конзервативци имаат 2 паралелни настани, еден во Киев, Украина каде што се збори за слобода, демократија, евроатлантска иднина на Источна Европа и безбедност, а другиот е во Дубровник, Хрватска каде што се разговара за нови начини и стратегии во делувањето на конзервативците во Европа но и светот.
Во најновото издание на бриселското десничарско списание The Conservative Online, ставен е голем акцент на реформирањето на конзервативците и нивната стратегија. Либерализмот, енвиронментализмот и прогресивните политики треба да се неминовен дел од овие реформи, но во никој случај истото да не биде на цена на губење на националниот суверенитет и традицијата врз која лежи Европа.
Повеќе информации зза настанот на ECR Party.
Учесници: Стефан Василевски, управител на Конзерватив МК & Бојан Никовски, дел од младите конзервативци.