Во модерниот политички свет, термините левица и десница често може да бидат погрешно сфатени. Всушност, дали знаете што овие термини значат и од каде тие доаѓаат?

Термините левица и десница првпат се употребени во идеолошки контекст за време на Француската револуција во 18 век. Левицата и левичарите ја поддржувале Револуцијата, а десницата и десничарите ја поддржувале монархијата. Едноставно, левичарите се залагале за промената, додека пак десничарите биле за „статус кво”.

Главната разлика помеѓу левицата и десницата е балансот помеѓу моќта на владата и индивидуалната слобода.

Термините левица и десница првпат се употребени во идеолошки контекст за време на Француската револуција.

Левичарите, од кога така се нарекуваат, се борат за „еднаквo општествo” и веруваат во голема и силна влада која го контролира животот на индивидуата. Централизираната моќ на власта влијае врз креирањето поголем број регулативи за бизнис секторот како и зголемен данок за богатите. Левичарите, исто така, се горди на своите ,„прогресивни” гледишта, особено кога станува збор за укинување на смртната казна, поддршка на бракот помеѓу лица од ист пол, правото на абортус, итн. Левичарите не заземаат толку цврсти ставови во однос на имиграцијата, но имаат цврсти ставови за сепарација на политиката од религијата.

Левичарскиот кејнзијански пристап наспроти десничарсата лесе фер политика

Од економски аспект, левичарите го следат кејнзијанскиот пристап (The Keynesian Approach), односно интервенционистички начин на размислување. Накратко, овој систем би поддржал интервенција од државата доколку се случи економска рецесија. Тоа значи воведување повисок данок во економски добри и силни времиња, а од друга страна, пак, трошење на насобраните средства при економски пад и потреба. Нивото на владина интервенција зависи од тоа колку далеку се наоѓаат на левиот спектрум од политиката. Комунистите сакаат комплетна контрола врз сите аспекти на економијата, додека пак умерената левица сака делумна контрола.

Десницата не верува во „еднаквo општествo” и на социјалната нееднаквост гледа како на неизбежен дел од животот. Десничарите веруваат дека владата треба да има ограничен пристап до животот на индивидуата, па затоа еден од најголемите конзервативци во историјата, поранешниот американски претседател Роналд Реган рекол:

„Човекот не e слободен, сѐ додека не постои ограничување на власта” (анг. Man is not free unless the government is limited). 

Лимтираната влада, односно децентрализацијата на моќ е еден од основните постулати на конзервативната идеологија.

Десничарите, исто така, повеќе се грижат за традиционалните вредности, како и за религијата. Често, десничарите се противат на бракот на лица од ист пол или правото на абортус.

Од економско гледиште, десницата повеќе го практикува класичниот пристап, односно лесе фер политиката. Накратко, тоа значи „да ги оставиме работите да течат”. Тоа значи дека помалку регулации би придонеле за пројава на повеќе иновации и намалувањето на даноците би поттикнало економски раст. Како заклучок може да се каже дека десницата ја гледа владината интервенција во бизнисот како лоша работа и смета дека пазарот просперира највеќе кога е оставен самостојно да функционира.

Пример за партии со левичарски политики се Демократската партија на САД и Партијата на работниците на Велика Британија.
Пример за партии со десничарски политики се Републиканската партија на САД (конзервативците) како и Конзервативната партија на Велика Британија (и двете се полноправни членки на Алијансата на конзервативци и реформисти).
Освен тоа, постојат и партии во блокот наречен центар, како на пример Либералните демократи, коишто практикуваат и леви и десни политики.

Денес, дефиницијата за десница и левица не е секогаш точна. Зошто е тоа така? Во спектрумот на модерната политика овие позиции се злоупотребени. Постојат различни начини како да оцениме дали партијата се движи кон левиот или десниот правец и до каде точно оди. Политичкиот спектрум, кој до пред некое време беше дводимензионален, денес е многу повеќе од тоа. Така, покрај левичарски и десничарски, постојат поединци и партии кои имаат тоталитарни, но и либерални/либертаријански гледишта.

Поединците и партиите со тоталитарни гледишта сакаат што поголема владина интервенција во животот на граѓаните, а класичните либерали/либертаријанците сосема обратно. Од дводимензионален аспект левицата е поблиска до тоталитарните гледишта, додека, пак, десницата е поблиска до либертаријанците. Но, не е секогаш така…

Многу често сме слушале дека екстремната левица се поврзува со комунизмот, додека пак екстремната десница со фашизам. Овие тврдења се невистинити! Тоа е така бидејќи фашизмот се залага за тоталитарна влада и економски е поблиску до левицата, па затоа неговото позиционирање во политиката е тешко. Сепак, социолошки и економски тоа позиционирање е многу поедноставно, бидејќи и фашизмот и комунизмот претставуваат различен вид екстремен социјализам.

Се надеваме овој текст ќе ви помогне полесно да ги разликувате идеологиите на партиите и нивното правилно етикетирање според нивните економски, социолошки и политички видувања.


*Делови од текстот се преземени и преведени од различни избори

Сподели: