Конзерватизмот се спротивставува на „консензуализмот“
24/12/2018 In Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
24/12/2018 In Конзерватизам, Македонија, Национализам Leave a comment
Конзерватизам, глобализам, расизам, национализам, марксизам, по мое и ново „консензуалИЗАМ“… и уште илјадници зборови со суфиксот ИЗАМ. За суфиксот изам, можеме да најдеме две различни импликации.
1. Првата е доктрина, како во примерот на марксИЗАМ или фашИЗАМ. „Марксистите“ се дефинирани според верувањата и исказите кои произлегуваат од мислата на Карл Маркс, иако значењето и релативната важност на тие искази најверојатно ќе се толкуваат разновидно и ќе бидат оспорувани. Во оваа импликација односно доктрина, веројатно припаѓа и тој таканаречен „консензуалИЗАМ“ дефиниран според верувањата и исказите кои произлегуваат од некои политичари па затоа и овие искази се толкуваат различно и ќе бидат оспорувани, пред се од нас конзервативците.
П.С. Верувам дека и на многу други идеолошки групации не им е баш јасно што овој ИЗАМ значи и го толкуваат различно. Некои го толкуваат како партиски договор помеѓу владеачките структури, други како уцена од страна на една етничка група, трети како одлична работа, но како го толкуваме тоа конзервативците?
2. Втората импликација за суфиксот изам сугерира тенденции на став и однесување, а не верување во искази. Така на пример зборот „национализам“ означува тенденција да си го браниш и сакаш своето, но никогаш да не го напаѓаш и омаловажуваш туѓото [секако, не зборувам за балканскиот шовинизам и омраза, туку за чистиот европски либерален национализам]. Конзерватизмот пак во овој случај многу повеќе натежува кон национализмот отколку фашизмот или марксизмот.
Конзерватизмот во повеќето од неговите обични примени е логично многу повеќе како втората импликација „национализам“ отколку што е како „марксизмот“ или нашиов „консензуализам“. Многу е полесно да се опишат типично конзервативните одговори и да се нагласи контекстот во кој се развива конзерватизмот, отколку да се наведат сите дефинирани верувања за конзервативизам. Секако, постојат исклучоци како типичниот британски конзерватизам (либерален конзерватизам) кој има стрикни верувања во слободен пазар и либерална економија за кои и пропагира.
Токму поради оваа причина, конзервативците имаат задача:
Точно така дами и господа, потребна ни е американизација на општеството во вистинска смисла, а најдобар момент за тоа се претседателските избори 2019. Доста ни е од „фејк американци“ и „фејк европејци“ кои преку ноќ стануваат најголеми пропагатори за евро-атлантски вредности со цел да го устоличат својот задник на позиција и со помалку труд а повеќе „лижење“ да стигнат незаслужено до местото кое го посакуваат…..или пак, амнестија 🙂
Како да фатите фејк американец во еден чекор? Многу лесно. Прашајте го што значи E Pluribus Unum. Доколку не знае, тоа е исто како вмровец да не знае што значи „слобода или смрт“, ма дури и полошо!
E Pluribus Unum е симбол кој го има на американскиот грб, на долариот, на центите, во државните институции, секаде во Белата куќа, ма буквално на секое место каде што има американско национално обележје [погледнете го натписот што го држи орелот во неговата уста]. Овој концепт е дефиницијата на американската нација која се разликува од европските нации, а сега ќе појаснам и малку подлабоко и со тоа ќе разберете зошто ни треба E Pluribus Unum претседателски кандидат, а не консензуален!
Расата и етникумот ја дефинирале скоро секоја нација во светот, освен американската. Американската нација е дефинирана според вредности! Па така, за да ја разберете Америка, треба да ги разбирате вредностите врз кои е изградена. Тоа се: E Pluribus Unum [од повеќе, едно], Liberty [слобода] & In God We Trust [веруваме во Господ]. За денешната тема, најбитен е концептот „од повеќе, едно“.
Овој израз е прифатен како американско мото уште во 1776та година, веднаш по воспоставувањето на САД, а ги претставувало 13те американски колонии кои од повеќе станале едно – E Pluribus Unum. Исто така, овој израз означува и “One people from many backgrounds”, еден човек од луѓе со различни позадини, односно едно општество за сите (не еднакво општество за сите како примерот на левицава, да не се збуните!). Едноставно е. Како во општествената, така и на политичката сцена во САД, не ги интересира вашата етничка, религиска или билокоја друга позадина, напротив, ги интересира индивидуалниот квалитет! Ви звучи познато? Секако, ова е истиот идеал за коj се бореле револуционерите од 1893та.
Јас како конзервативец, верувам само во овој концепт на претседателски кандидат, E Pluribus Unum, најдобар и најфункционален модел на национално помирување!
Колумна #5 – Стефан Василевски, идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК [Conservative.mk]
Следете не на Facebook, Instagram & YouTube.
Колумна #1 – КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СВЕТСКА СУПЕР СИЛА ЗА ВОДА?
Колумна #2 – Семантика, еуфемизам & зелен конзерватизам [environmentalism]
Колумна #3 – Фамилијарниот човек од челик: македонскиот либерал, кознервативец и националист [The Man of Steel]
Колумна #4 – ФЕЈК ЊУЗ [ЛАЖНИ ВЕСТИ]: Конзервативецот против плачковците!