Претставници на политичката организација [идеолошки и аналитички центар] ConservativeMK од 18ти до 20ти Октомври, учествуваа на самитот “Liberty Summit” на Алијансата на конзервативци и реформисти [www.acreurope.eu] во Европа кој се одржа во Молдавија.

Претставниците земаа учество и на состанок на советот на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа заедно со претставници од сите политички партии, идеолошки центри, коалициони партнери на АКРЕ, Европските конзервативци и реформисти [www.ecrgroup.eu], младите европски конзервативци и други групации кои се дел од светската фамилија на конзервативците.

Темите за кои се дебатираше на самитот беа: слободни и фер избори, европската економска перспектива и интерграција како и слободниот пазар како начин за борба против сиромаштија.

Во наредниот период, ќе имате можност да видите интервјуа, политички разговори, изјави и цитати и други интересни моменти од самитот на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа каде што учесници од нашиот идеолошки и аналитички центар беа Stefan Vasilevski и Никола ‘kyTpe’ Дионисијев.

Сподели: