“Кога зборуваме за младинските политики и за тоа што има ВМРО-ДПМНЕ направено за младите во изминатиов период, треба само да ја погледнеме имплементацијата на Законот за младинско учество. Овој Закон беше донесен консензуално во јануари 2020 г. и тој налага секоја општина во Македонија да отвори младински центар во рамки на својата територија. Дали знаете дека ВМРО-ДПМНЕ го отвори единствениот функционален младински центар во Македонија? Со други зборови, после две години од донесувањето на овој Закон само една општина има отворено ваков младински центар, а тоа е Општина Кавадарци, раководена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Значи во време кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и раководеше со само 5 општини, мојата партија успеа да смогне сили и да го отвори единствениот младински центар во Македонија. Наспроти нас, СДСМ и ДУИ раководеа со дури 67 општини, ја имаа централната власт како ветер во грб и пак не успеаја да отворат ниту еден младински центар во државата. Ова ви кажува кој вистински работи во интерес на младите, а кој само декларативно се залага за нив.” – одговори Филип Ивановски на прашањето на водителот од Алсат-М Назид Рашиди.

На оваа констатација на Филип Ивановски, претставникот на младите на ДУИ реплицираше дека “Да се грижеле ВМРО за младите, ќе отвореле во сите 5 општини, а не само во Кавадарци. Можеби тоа е лична заслуга на градоначалникот”. Сепак, не одговори зошто ДУИ нема отворено ниту еден ваков центар во општините каде владеат со СДСМ, иако имаат на располагање и централна власт.

Претставничката на младите на ЛДП пак настапи со реплика каде “не очекувала Филип да ги брани ВМРО-ДПМНЕ во делот на младинските политики, но кога веќе застанал во одбрана за овој закон, таа му посочи дека токму во Куманово – градоначалникот Максим Димитриевски кој вие (мислејќи на ВМРО и опозицијата) го поддржавте, тој отворил младински центар исто како и во Кавадарци.

На репликата на претставничката на ЛДП, Филип одговори дека “Да, можеби во Куманово има младински центар, но тој е нефункционален. Процесот во Куманово не е на исто ниво во смисла на реализација како во Кавадарци, бидејќи не е распишан оглас за младинска организација која ќе раководи со центарот. Исто така Куманово нема донесено ни локална стратегија за млади. Значи имаме младински центар, но нефункционален. Слично е и во Општина Центар каде младинскиот центар не е во согласност со правилникот на Агенција за млади и спорт” – резимираше Ивановски.

Ова е исечок од дебатата помеѓу претставниците на партиските подмладоци која се одржа минатиот месец во Скопје.

Линк до дебатата:

https://www.facebook.com/WBDemocracy/videos/620003142677787/

Сподели: