ПРВИТЕ БРОЈКИ ОД ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: 99,7% ефикасност, 0,3% повторно заразени иако најголем дел од населението е вакцинирано само со една доза и не се комплетно вакцинирани! Што значи комплетно вакцинирана особа? – Две администрирани дози + 14 дена поминати од втората доза. Кај нас, се уште мал е бројот на таквите случаи. Овие бројки се многу охрабрувачки.

ВКУПНО ВАКЦИНИРАНИ ДО 23.05.2021 СЕ 216.453, а ревакцинирани 38.806 граѓани. Повторно заразени само 664 (0,3%). Од тие 0,3% односно 664 дури 456 се разболеле во првите 14 дена по примањето на вакцината, што значи дека најверојатно веќе биле заразени кога се вакцинирале. „Од вкупниот број на заразени после вакцинација (664), 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината. Од вкупниот број на починати лица (22) 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно се дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината“, велат од Министерство за здравство за Фактор МК. Инфорграфик: Д-р Стефан Василевски

#VaccinesWork Пријавете се: https://vakcinacija.mk/ Прочитајте повеќе: https://kovid19vakcinacija.mk/ Извор:

Засега, договорените вакцини за 2021ва година во Македонија се по следниот распоред:

830.000 обезбедени дози преку КОВАКС (COVAX) механизмот на Светска здравствена организација, UNICEF MK, Gavi, the Vaccine Alliance & организацијата CEPI. Достапни вакцини преку овој систем се: Фајзер, Модерна, АстраЗенека, Јансен (Johnson and Johnson), Синофарм (наскоро), а уште неколку се во фаза на одобрување. – Системот КОВАКС функционира на база на испраќање на помош до државите во одредени временски интервали, според потребите на светско и државно ниво. Затоа не се праќаат сите дози одеднаш. Досега, пратени се 2 пати вакцини АстраЗенека 24.000 дози и околу 40.000 пред неколку дена.

800.000 дози директна нарачка од Фајзер (Министерство);

200.000 дози директна нарачка од Кина (Синофарм);

200.000 дози директна нарачка од Русија (Спутник В);

Донации од држави: Засега, Кина донираше 100.000, Србија околу 50тина илјади и Унгарија. Оваа бројка константно може да се зголемува, бидејќи се работи на систем за донирање на вакцини на светско ниво, наместо нивно фрлање по поминат рок;

Околу 120.000 вакцини обезбедени од Европската унија.

Процесите со вакцини можеби не почнаа со најдобро темпо, но во последниот период работите се менуваат премногу. За месец мај (со една доза), а веќе и до летово, Македонија ќе го има задоволено 100% од бројот од пријавени за вакцина со 2 дози. Ќе треба да се најде начин за дополнителна стимулација на населението за вакцинација, бидејќи дозите ќе се во многу поголем број пристигнати од интересот на популацијата за вакцинација.

Сподели: