БОЕМОТ ЗА НАШИОТ ЈАЗИК
17/10/2019 In Македонија, Национализам Leave a comment
17/10/2019 In Македонија, Национализам Leave a comment
Јазикот е нашето најголемо богатство!
Деновиве е актуелно срамното барање на Република Бугарија дека не смее да се споменуваат термините македонски јазик и „бугарски фашистички окупатор“. Се закануваат дека доколку се употребуваат овие зборови, ќе го блокира влезот на нашата држава во ЕУ. Затоа, ајде да се потсетиме на часовите по македонски јазик кога можеби не сме биле свесни колку е важно да се негува мајчиниот јазик.
Јазикот е најголемото богатсвото на еден народ. Неговата основна функција е комуникацијата меѓу луѓето. Тој е дел од нашата култура и традиција. Зборовите на Крсте Петков Мисирков од неговата значајна книга “За македонцките работи” треба да ги знае и да ги почитува секој Македонец. Македонскиот јазик е наш свет долг кој треба да го зачуваме. На кој јазик се зборовите кои први ги слушаме и на кој прозборуваме?
Љубовта кон мајчиниот долг е неизмерна. Нашите предци ни оставиле големо наследство – јазикот. Токму затоа, и ние треба да го пренесуваме ова богатство на идните генерации како благодарност кон нашите предци. Деновиве група македонски интелектуалци го изразија својот протест поради барањата и ултиматумите во Декларацијата на Собранието на Република Бугарија. Дел од потписниците се: Катица Ќулавкова, Ѓорѓи Поп-Атанасов, Елка Јачева-Улчар, Гордана Силјановска-Давкова и други.
Нашиот јазик е официјален од 1944-та, но тој постои многу одамна.
Да почнеме уште во 9-от век кога светите браќа ги превеле црковните книги на првиот словенски книжевен јазик кој се базира врз македонските говори од околината на Солун. Подоцна, на овие простори се одвива богата писателска и препишувачка дејност во Охридската и Лесновската книжевна школа. За време на османлиското ропство е намалена пишувачката дејност, но не сосема уништена. Во 19-от век има национално будење преку делата на Крчовски, Пејчиновиќ, Браќата Миладиновци и други.
Нашиот источен сосед се обидува да го присвои целиот 19-ти век и тврди дека сите наши дејци од тоа време се Бугари. Ние можеби сме немале држава со стандардизиран јазик, но Македонците го негувале јазикот со неговата национална посебност. Во 1903-та година Мисирков ги поставува темелите на македонскиот литературен јазик. Неговата идеја заживува половина век подоцна на заседанието на АСНОМ на 2-ри август 1944-та година. Нашиот јазик како литературен, посебен од бугарскиот, е признат во ООН, УНЕСКО и во други светски организации. Исто така е воведен како алатка за преведување во Google уште пред 10 години.
Поимите Македонец и македонски јазик се длабоко врежани во секој што живее на ова парче земја. Јазикот е бисерен ѓердан кој секој од нас треба со гордост да го носи. Да го зачуваме кога е најпотребно!
Инстаграм профил: БОЕМОТ @boemot – партнер на Конзерватив МК